Играчите на Тотенхем ја стопираа играта за да спасат живот на навивач на Њукасл

Новите газди на Њукасл имаа многу што да видат на првиот нивен меч на Сент Џејмс Парк. Њукасл поведе во 2 минута, Тотенхем си даде смешен автогол, гостите победија 2:3 со пресврт, ама и покажаа дека има поважни работи од фудбалски триумф.

И покрај петте гола на мечот и пресвртот на Тотенхем, кој во рок од 5 минути даде два гола, а на крај на прво поведе и со 1:3, сепак средбата ја одбележа една потресна сцена која се случи на трибините.

Во 40-та минута мечот беше прекинат откако навивач на Њукасл колабирал. Додека сите во негова близина молеа за помош на Источната трибина, реагираа и фудбалерите.

Најбрза реакција имаше од Серхио Регулион и Ерик Дајер. Првиот му сугерираше на судијата да го прекине мечот покажувајќи му со прст што се случува, а вториот трчаше и барале веднаш да му однесат дефибрилатор.

Лекарот на Њукасл се стрча и му подаде помош за кислород на еден од редарите, а потоа имаше аплаузи.

„Слушнавме како навивачите викаат и видов како еден човек лежи на трибината. Му се приближив на судијата и му реков дека мора да го прекинеме мечот. Ми кажаа дека човекот е во ред. Тоа е најважно, поважно од било што денеска“, изјави Регилон.

„Дајер и Регулион реагираа инстинктивно и за среќа многу брзо. Секоја чест и за нив и за судијата. Одлуката за прекин на мечот е правилна. Ништо не е поважно од човечки живот“, рече тренерот на Тотенхем, Нуно Еспирито Сантос.

Серхио Регулион и Ерик Дајер се прогласени за играчи на натпреварот.

А од Њукасл информираа на Твитер дека навивачот е во стабилна состојба.

18 октомври 2021 - 09:10