Таг: њукасл

Кој играше фудбал на 1 јануари?

Во Англија, на првиот ден од годината се одиграле околу 90 натпревари, од прва па сè до најниските лиги. Во Премиер лига, која не знае за одмор ниту за Нова година, а уште помалку за Божиќ, се одигра еден натпревар.

Зошто ПСЖ не требаше да го добие пеналот и покрај играњето со рака?

Главниот арбитар ги измеша брзините со одлуката да им свирне пенал на Парижаните, а тоа е поради едно правило, општо познато меѓу сите што пратат фудбал.

Лош пречек за навивачите на Њукасл во Париз

Петтото коло во групата на смртта Ф во ЛШ, може вечерва да ги разреши дилемите околу патниците во нокаут фаза. Њукасл со пораз од ПСЖ ќе се прости од осминафинале. Предиграта на мечот ја почнаа француските навивачи кои ги посетија Англичаните во еден бар со флаши, чаши, столици, бакљи и што им се најде во рака.

Другари, дојдете да ви кажам како се влегува на ЛШ без карта

На стадионот на Борусија Дортмунд тешко се стига до карта, особено за Лига на шампиони на меч против премиерлигаш од каде и меѓу гостите е тепачка за место. Чаре? Треба да ја погодиш маската.

Страшни одбрани на голманите на Њукасл и Борусија Дортмунд

Ако сте ја играле ГГ3+, а сигурно има такви, на голманите да им ги барате парите. Погледнете ја двојната интервенција на Ник Поуп во 9 минута, со рамо им ја фати. Потоа и на Грегор Кобел во вториот дел, можеби најјака на колото.

Навивачите на Њукасл уживаат на дождот во Милано на свој начин

Њукасл се враќа во Лига на шампиони после 20 години, а воедно кам бек на најелитната меѓународна сцена прават и нивните навивачи. Да им го видиме перформансот.

„Шаќировка“ од корнер во Премиер лига и тоа ниска

После оние 6:1 над Тотенхем, Њукасл удри силно и против Евертон со гостинска победа од 1:4. Единствениот гол кој го примија гостите е директно од корнер, ама малку необичен. Го постигна Двајт Мекнил.

Аматерски кикс на голманот на Њукасл и заслужен црвен картон

Њукасл имаше ужасно прво полувреме против Ливерпул и во рок од 12 минути прими два гола и остана со играч помалку поради глупоста на Ник Поуп. Во обид да го спречи Салах да зголеми на 0:3, ја изрежира најлошата можна верзија на Ноер.

Трол за Арсенал од навивачите на Њукасл

Им го „одземаа“ во претпоследно коло со победа од 2:0, па уште им пејат на таа тема за да ги дотепаат. Само пораз на Тотенхем од Норич, а победа на Арсенал над Евертон може да донесе пресврт во недела на табела.

Расположението пред викенд долг четири дена

Њукасл го победи Кристал Палас 1:0 во 33. коло од Премиер лигата и за прв пат после 2004-та се радува на шест домашни победи во низа. Долгиот празничен викенд ви го најавува Алан Сен Максимин.

Златан да даде оценка за бразилската мајсторија во Њукасл

Од четири синоќешни средби во Премиер лигата, веќе имаме два кои се двојат и кои не може да поминат незабележани. Бруно Гимареш од Њукасл сака да ви покаже нешто.

Размена на автоголови на мечот Њукасл - Евертон во две минути

Њукасл го совлада Евертон со 3:1, а првиот дел заврши 1:1 со два брзи автоголови во кои двајца играчи си ги сменија несреќните улоги. Прво Холгејт биеше, а Ласелс си постигна автогол. Потоа Ласелс биеше со глава, па Холгејт си постигна автогол. И до двата наврати топката удри од нив.

Играчите на Тотенхем ја стопираа играта за да спасат живот на навивач на Њукасл

Новите газди на Њукасл имаа многу што да видат на првиот нивен меч на Сент Џејмс Парк. Њукасл поведе во 2 минута, Тотенхем си даде смешен автогол, гостите победија 2:3 со пресврт, ама и покажаа дека има поважни работи од фудбалски триумф.

Њукасл стиска на педала за гас, Премиер лига нека врзува појас

Њукасл почнува нов живот, навивачите уште се опиени од прославата на веста дека нивниот сакан клуб е купен од Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, најбогат фонд на светот (х пати побогат од фондовите на сопствениците на Сити, ПСЖ и многу други премиерлигаши).

Која е дамата која ги донесе најбогатите Саудијци и Катарци во Премиер лигата?

Њукасл и официјално премина во сопственост на Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија. Фронтмен на целата зделка е Аманда Стејвли, британска бизнисменка која со години е на насловни страни во тамошните таблоиди.

Нека се спрема Европа, навивачите на Њукасл слават, клубот го купи фонд од Саудиска Арабија

Сонот на навивачите на Њукасл се остварува - омразениот Мајк Ешли со кого со години водеа војна конечно го продава клубот и ќе му го видат грбот. Њукасл го купува државен инвестициски фонд од Саудиска Арабија (PIF – Public Investment Fund) - најбогат фонд на светот. Зделката е официјална, објави и Премиер лига.

Митровиќ им посака добра ноќ на навивачите на Милвол

Во Чемпионшип синоќа стартуваше третото коло во кое Фулам на гости го совлада Милвол со 1:2. Српскиот центарфор Александар Митровиќ го отвори резултатот по само 3 минути игра, а потоа имаше кошкање со гостинските навивачи од дистанца.

Го победил туморот на коленото, работел како ѕидар, а ќе игра во Премиер лига

Нетипичен е фудбалскиот пат на францускиот фудбалер Флорен Индалесио. Денес слики на Инстаграм, гол со вреќи малтер на 34 степени, утре во дрес на Њукасл, ама не на градилиште, туку во базата на премиерлигашот. Упорен јунак, ама треба некој и да те препорача.

Лажњак и за играчот и за камерманот

Интересна ситуација се случи во преносот од мечот меѓу Барнли и Њукасл. Фудбалерот на гостите Алан Сен Максимен во еден момент го сецна чуварот за да тргне на лево, ама на потегот се излажаа и дефанзивецот и камерманот кој го утна кадарот и си го сними колегата.

Комичното загревање на Њукасл

Пред мечот Њукасл - Лидс (1:2) на кој Езџан Алиоски одигра 54 минути, домашните имаа комично загревање. Еден не го погоди голот.

Убав гол на Алиоски против Њукасл во Премиер лига

Момците на генерал Марсело Бјелса после три месеци победија дома на „Еланд Роуд“ во Премиер лигата, откако вечерва го прегазија Њукасл со 5:2. Нашиот репрезентативец Езџан Алиоски одигра цел натпревар и го постигна четвртиот гол по една страшна „бјелсовска“ контра.

Клоцни го, рогни ја и спречи брза контра

Њукасл го победи Вест Бром со 2-1 со головите на Алмирон во 1' и Двајт Гејл во 82' минута. Домаќините во финишот и задржуваа време а најдобро му одеше на шпицот Калум Вилсон.

Њукасл потпиша договор со мајстор кој мешал малтер

На препорака на најдобриот свој фудбалер Алан Сен-Максимен, Њукасл реши да потпише привремен договор со поранешен француски фудбалер кој цела година работел како мајстор со цигли.