Кој играше фудбал на 1 јануари?

Во Англија, на првиот ден од годината се одиграле околу 90 натпревари, од прва па сè до најниските лиги. Во Премиер лига, која не знае за одмор ниту за Нова година, а уште помалку за Божиќ, се одигра еден натпревар.

Ливерпул на самиот старт на 2024-та го совлада Њукасл со 4:2 и по 20 одиграни кола е прв со 45 бода, пред изненадувањето Астон Вила која има 42.

Натпревар со два гола на Салах и една прекрасна асистенција, потоа доста сомнителен пенал, многу промашувања на Дарвин Нуњез и голеада од 74-та до 86-та минута кога паднаа дури четири комада. Одиме со ред.

49 минута: 1:0, стрелец Салах после убавата комбинација на Диаз, Нуњез.

54 минута: 1:1, стрелец Исак.

74 минута: 2:1, нова убава комбинација на Ливерпул овој пат на Салах и Жота и гол на Џонс.

78 минута: 3:1, после мајсторската асистенција на Салах за Гакпо

81 минута: 3:2, откако по само три минути Свен Ботман ја заби со глава.

86 минута: 4:2, после сомнителниот пенал врз Жота кој го реализираше Салах.

Нуњез еден на еден со Дубравка.

Лудата пречка на Арнолд.

Двете шанси на Нуњез за две минути.

2 јануари 2024 - 08:49