Њукасл стиска на педала за гас, Премиер лига нека врзува појас

Њукасл почнува нов живот, навивачите уште се опиени од прославата на веста дека нивниот сакан клуб е купен од Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, најбогат фонд на светот (х пати побогат од фондовите на сопствениците на Сити, ПСЖ и многу други премиерлигаши).

Во меѓувреме дури 19 клубови од Премиер лига се побунија за купувањето на Саудијците и побарале заеднички собир следната недела.

Наводно овие клубови сметале дека брендот Премиер лига би можел да има штета од врските со принцот на Саудиска Арбија Мохамед бин Салман кого активно го критикуваат организации за заштита на човековите права.

Но во позадина лежи една причина - финансиското влијание на Њукасл кој сигурно ќе ги зголеми трансфер сумите и платите на повисоко ниво.

Иако новите владетели на клубот велат дека нема да биде трошење преку ноќ.

„Њукасл заслужува да биде на врв на Премиер лига. Сакаме да стигнеме таму. Ќе треба време, но ќе стигнеме до самиот врв. Сакаме да освоиме трофеи, прво место во Премиер лига, успеси во Европа, тоа го посакуваме. Тоа значи дека ќе бидат потребни вложувања“, вели Аманда Стејвли, алфа и омега во новата управа на клубот.

СТИВ БРУС Е ПРВ КАНДИДАТ ЗА ОТКАЗ, А ВАРИЈАНТИ ЗА ЗАМЕНА СЕ КОНТЕ, ЏЕРАРД, ФОНСЕКА, ПОТЕР (БРАЈТОН)

Њукасл во моментов е една од најслабите екипи во Премиер лига. Играат очајно и се на 19 место со 0 победи после дури 7 кола.

Засилувања не може да се носат дури до јануари, ама затоа може да се смени тренерот.

Дејли Мирор соопшти дека Стив Брис би можел да добие отказ уште неделава и тоа ќе стане прва сериозна одлука на новите газди. „Би сакал да ја продолжам работата, да добијам шанса да им ги покажам своите навики на новите сопственици. Но треба да се биде реален: они ќе најдат нов тренер. Обично така прават новите сопственици. Одамна сум во фудбалот и го знам тоа“, изјави Брус, спремен да ги пакува куферите поради катастрофални резултати.

Интересно, Саудијци го купија Њукасл кога Брус стигна до 999. натпревари како тренер. Би било штета ако на 66-годишниот англиски менаџер не му дадат да го води Њукасл со Тотенхем на 17 октомври.

„Ако јас во Њукасл не можам да дојдам до 1.000 меча за кариера, тогаш би можеле да кажеме дека може да ми се случи само на мене. Ама мислам дека нема да биде сурово кон мене. Тоа е фудаблот“.

Прашање на време е кога Брус ќе добие отказ зошто Њукасл и пред доаѓањето на новите сопственици размислуваше да го отпушти.

Според италијанска La Gazzetta dello Sport, приоритет на новите газди на Њукасл е Антонио Конте. Но The Sun пишува дека италијанскиот тренер ќе одбие понуда да се врати во Премиер лига. Фаворит на англискиот таблоид е Грем Потер од Брајтон кој успешно ја почна сезоната (екипата е во топ 6 на само два бода од прво место после 7 кола).

Според The Mirror, врвот на Њукасл веќе ги разгледувал и кандидатите Пауло Фонсека (поранешен тренер на Рома и Шахтјор) како и Стивен Џерард, менаџер на Ренџерс. 

Daily Mail пишува за поранешниот тренер на Борусија Дортмунд Лусиен Фавр кој нема работа од декември 2020-та година а важи за одличен стручњак.

ВЕЌЕ СЕ ШПЕКУЛИРА СО ТРАНСФЕРИ НА КУТИЊО, РИШАРЛИСОН, ИКАРДИ

Зимскиот трансфер рок ќе покаже како ќе се однесува Њукасл. The Athletic пишува дека во најскоро време Саудијците ќе потрошат околу 200 милиони фунти на нови засилувања, без да го „закачнат“ финансискиот фер плеј на Премиер лига и УЕФА. The Telegraph излезе со сума од 190 милиони фунти за трансфери.

Иако доста критикуван и напаѓан, долгогодишниот сопственик на Њукасл, Мајк Ешли кој беше во војна со навивачите, тој на новите сопственици им оставил идеални економски услови. Англичанецот го држеше клубот во строги рамки, жртвуваше спортски резултати само за да не отидат во минус и долгови како повеќето други клубови.

„Моделот на Мајк Ешли беше обид да го направи клубот одржлив. Ако наследите клуб кој изгбил многу пари, нема да имате многу места за инвестиции поради ФФП. Но со Њукасл е поинаку. Во последните три години управата потрошила само 38 милиони фунти. Доколку моделот на Ешли бил навистина одржлив, секој кој ќе го купи Њукасл ќе може да стисне на педалата за гас“, вели Киран Мегваер, предавач на Универзитетот во Ливерпул.

Џерард, Конте, Фонсека, Ришарлисон, 200 милиони буџет - кои се првите шпекулации за богатиот Њукасл?

Клубот овие 200 милиони фунти ќе може да ги троши и на зголемување на плати не само на трансфри. Во теорија може да се потроши и повеќе од 200 милиони на трансфери, а причина за тоа е во амортизацијата која во услови на ФФП распределува трансфер сума во однос на договорите. Ако Њукасл потпише играч за 80 милиони на 5 години, само 16 милиони годишно нема да го оштетат ФФП“, вели професорот Мегваер.

ФФП исто така дава слобода и за инвестиција во инфраструктурата. Така на пример во базата на Њукасл каде што е академијта, стадионот и женскиот клуб, новите сопственици ќе можат да градат што сакаат, зошто Мајк Ешли тука најмногу и заштедил.

Но не треба да се очекуваат сериозни измени на составот среде сезона, кога на пазарот уште е тешко да се ориентира управата. Уште нема определени раководни места, должности и нема поента да се менува драстично тимот, пишува The Athletic и додава дека сопствениците имаат многу поголеми амбиции во блиска иднина од краткорочен успех.

Интересно, потпис на една ѕвезда уште зимава би можело да значи симболички старт на обновување. За Сити така стана Робињо. Шпанска Марка пишува дека Њукасл го пикирал Филипе Кутињо кој има големо искуство од играње во Премиер лига, а на Барселона пари и требаат како вода на сува земја.

ишто чудно зимово Њукасл да му го земе „пред нос“ Мауро Икарди на Јувентус. Аргентинецот од ПСЖ е спремен да менува средина за да игра повеќе. Се споменува и трансфер на одличниот Ришарлисон кого Евертон не сака да слушне да го даде за помалку од 75 милиони фунти.

Навивачите на Манчестер Јунајтед се надеваат дека управата ќе може да ги даде на позајмица во Њукасл Џеси Лингард и Антони Марсијал. Медиумите шпекулираат и дека нов играч уште во јануари би можел да стане Калиду Кулибали, стоперот и лидер на Наполи.

Рио Фердинанд како стручен коментатор изјавил дека тој да е на нивно место „радо“ би ги потпишал Стерлинг, Деклан Рајс и Џеси Лингард.

За тоа време навивачите на Њукасл ќе имаат песна за уши во јануари.

13 октомври 2021 - 13:07