- Сè погласни се шпекулациите дека најдобриот пилот во Формула 1 во последните пар години, Холанѓанецот Макс Ферстапен би можел да оди во Мерцедес каде би возел со Џорџ Расел.
- Ова доаѓа по потресот кој го направи повеќекратниот светски шампион Луис Хамилтон кој потпиша со Ферари каде ќе оди во новата сезона.
- Наводно во тимот на Ред Бул имало некои внатрешни турбуленции а минатиов викенд за време на трката за Големата награда на Бахреин каде славеше Макс Ферстапен од Ред Бул, неговиот татко Верстапен-сениор бил на вечера со извршниот директор и прв човек во Мерцедес, Тото Волф.
- Трикратниот шампион во Ф1 Макс Ферстапен има договор со Ред Бул до 2028-ма но во договорот има клаузула која му дава одврзани раце да замине во случај тимот да не му го обезбеди најдобриот болид во патувачкиот циркус, што за сега му го обезбедува беспрекорно.
- Она што се најавуваше во претходните неколку часа, се потврди попладнево: Игор Тудор веќе не е тренер на Лацио.
- Претседателот на бјанкочелестите Клаудио Лотито, управата, па и дел од навивачите биле непријатно изненадени од наводната листа која Хрватот ја испорачал до клубот: тој барал најмалку 6-7 нови засилувања и плус отворено кажал на кои играчи не смета и може да заминат.
- Ова довело до револт во управата која сега бара начин како да го раскине договорот со Тудор (46). Тој на клупата на Лацио седеше речиси три месеци.
- Српскиот тениски ас утринава бил на операција на коленото во Париз, кое го повреди за време на мечот против Серундоло кој го победи со 3:2.
- Доколку не се појават компликации, тој би требало да може да стане од кревет во текот на денов со помош на патерици, пишува Газета дело Спорт.
- Ќе му бидат потребни три недели за опоравување, што значи дека тоа ќе го спречи да настапи на Вимблдон кој стартува на 1 јули.
- Се очекува да биде фит за Олимписките игри во Париз кои почнуваат на 26 јули, единствено натпреварување каде нема освоено трофеј.