- Новак Ѓоковиќ го заврши учеството на Мастерсот во Индијан Велс, откако во третото коло беше изненаден од 123. тенисер во светот Лука Нарди со 4-6, 6-3, 3-6.
- „Заслужено победи. Повеќе бев изненаден од моето ниво кое беше навистина лошо. Тој имаше одличен ден, јас имав навистина лош ден. Му помогнав да игра добро, а јас не си помогнав воопшто. Направив навистина ужасни неизнудени грешки“, изјави лидерот на АТП.
- Ѓоковиќ, кој играше во Индијан Велс за прв пат од 2019 година, бркаше рекордна шеста титула на овој турнир и прв трофеј во сезоната. Тоа е само втор пат во шест години, 98-кратниот шампион да не освои титула до март.
- Она што се најавуваше во претходните неколку часа, се потврди попладнево: Игор Тудор веќе не е тренер на Лацио.
- Претседателот на бјанкочелестите Клаудио Лотито, управата, па и дел од навивачите биле непријатно изненадени од наводната листа која Хрватот ја испорачал до клубот: тој барал најмалку 6-7 нови засилувања и плус отворено кажал на кои играчи не смета и може да заминат.
- Ова довело до револт во управата која сега бара начин како да го раскине договорот со Тудор (46). Тој на клупата на Лацио седеше речиси три месеци.
- Српскиот тениски ас утринава бил на операција на коленото во Париз, кое го повреди за време на мечот против Серундоло кој го победи со 3:2.
- Доколку не се појават компликации, тој би требало да може да стане од кревет во текот на денов со помош на патерици, пишува Газета дело Спорт.
- Ќе му бидат потребни три недели за опоравување, што значи дека тоа ќе го спречи да настапи на Вимблдон кој стартува на 1 јули.
- Се очекува да биде фит за Олимписките игри во Париз кои почнуваат на 26 јули, единствено натпреварување каде нема освоено трофеј.