Што му одговорија Козаците на султанот?

Турскиот султан е Мехмед Четврти. Козаците се од Запорожје. Се спукуваат кај утврдувањето Сич, при што полошо минува османлискиот аскер. Набргу Козаците добиваат писмо од султанот. Набргу и султанот добива одговор од нив.

Мехмед Четврти до запорошките Козаци:

Јас, султанот, синот Мехмедов, брат на сонцето, внук и пратеник на Бога, владетел на Македонија (sic!), Вавилон, Горен и Долен Египет, цар на царевите, владетел над владетелите, непобедливиот витез, чувар на гробот на Исус Христос, повереник одбран лично од Бога, надеж и утеха на муслиманите, заштитник и бранител на христијанството - ви наредувам, Козаци од Запорожје, да се предадете доброволно и без отпор и немојте веќе да ми досаѓате со вашите напади. 

Козаците од Запорожје до Мехмед Четврти:

Турска сатано, брату и другар на црниот ѓавол, помагачу на самиот Луцифер, поздрав. Кој ѓавол си ти витез, мамата твоја? Од твојата армија воопшто не се плашиме, и на земја и на море во нашите чајки (козачки бротчиња - заб.прев.) ќе се бориме против вас Сатаните до последен. Некрстен еден, ѕверу вавилонски, сквернавителу на светиот Ерусалим, ебачу на кози од Александрија, свињска главо на Египет (Горен и Долен), ерменска свињо и татарски јарецу, коњокрадеци, злотвору од Анадолија, внуче на ѓаволот лично, будало, свињска брбушко, магарешки газу и кловну од Адот, месарско куче, некрстен волу, ѓавол нека те носи и тебе и сите Турци. Тоа е сè што ние Козаците имаме да ти кажеме. Ти си ѝ гаден и на мајка ти, а не па со нас христијаните да владееш. Датум не знаеме оти календар немаме, месечината е на небо, годината во книга, нам ни е ист ден како и тебе таму. Ти и твоите Турци може да нè пољубите во газот.

Оваа преписка е овековечена во прочуената слика „Козаците му пишуваат одговор на султанот“ (масло на платно, 4 X 2 метра), која Илија Рјепин ја сликал цели 11 години. Денес се наоѓа во државниот руски музеј во Санкт Петерсбург.

* На Википедија се тераат спорови околу приказната.

 

15 февруари 2017 - 16:38