The last shot

Време е за Мајкл Џордан. Најголемиот на сите времиња. Синоним за кошарка и ден денеска и идол на секое дете во 90-те. Него не можеш да не го сакаш, туку мора да седиш до рано сабајле за да го гледаш. Инаку тапа си во друштво и ќе ти го кажат другарите резултатот пред да чекаш снимка преку ден. Да се потсетиме на „The last shot“ кој се случи пред 24 години. Задолжително и незаборавно четиво.

Мај и јуни се месеци полни со финалиња во многу спортови и тешко да се фати некој ред во одбележувањето на јубилеј или годишнина од незаборавните мигови кои се прераскажуваат со години.

Вчера го утнавме 14-ти јуни, денот на кој во 1998-ма мораше да се биде добро наспан, за да се издржи славното НБА финале кое не смееше да се пропушти.

Јута Џез - Чикаго Булс 2:3. Јута беше домаќин на шестиот натпревар. Го загуби ли, толку од приказната. 

Карл Мелоун, Џон Стоктон, Џеф Хорначек, Брајан Расел и Адам Киф против Мајкл Џордан, Скоти Пипен, Рон Харпер, Тони Кукоч и Лук Лонгли. Тоа беа стартните петорки.

Ако не го фативте Џордан, прво запознајте се со „The last shot“.

А сега гледајте ги внимателно последните 3 минути од мечот во кои се чини дека Јута е блиску до израмнување на 3:3. Но така не мислеше Ем Џеј кој во последните 40 секунди направи три круцијални потези за победа.

При резултат 86:83 за Јута, постигна брзи поени под кош, потоа му ја украде на Мелоун и го испали незаборавниот скок - шут во дуел еден на еден со Расел, на кој му скрши кичма.

Дечки овие снимки се задолжителни, без разлика која генерација сте. 70 милиони прегледи има видеово.

Што вели тој за моментот тежок шести шампионски прстен со Булси.

Малиов веќе знаеше.

15 јуни 2022 - 14:23