Таг: мајкл џордан

Кога Мајкл Џордан полета на Ол стар од линијата за слободни фрлања

Месец февруари е месец на Мајкл Џордан, икона и вечна кошаркарска инспирација. Прво затоа што во февруари е роден, поточно на 17-ти кога наполни 61 година и второ, има 14 учества на Ол стар.

Џордан или Леброн?

Прашање поставено до Чарлс Баркли кој од прва го дава и образложува одговорот во кратки црти.

Дуелот еден на еден Џордан против Џордан

Спортскиот пијалок Гејторејд во 2002-ра има направено уникатна реклама со Мајкл Џордан на 39 години кој се пробува против Мајкл Џордан на 23 години. Експлозивност наспроти искуство. Атракција против атракција.

Шек и Џордан играат еден на еден на загревање

Снимката со кошаркарските ѕверки е од Ол Стар викенд 1996. Се зезаат, ама сите објективи се вперени кон нив. Шек демонстрира на дело што значи кога си помлад, послаб и поподвижен.

Џордан е Џордан

Мајкл Џордан 2022-ра ја завршил со заработка од 256 милиони долари од Најк. Тоа се должи на неговиот доживотен договор со компанијата на која со својот неповторлив и никогаш незастарен бренд само лани и донел 5,1 милијарди долари, 31% повеќе од претходната година. Да ја видиме и споредбата, како почна и до каде стигна тој феномен.

Џордан и Пипен се натпреваруваат кој е бољи

Годината е 1992-ра, Мајкл тука има 29 години, Скоти 27. Играат во врвна форма и ја напаѓаат втората титула со Булси од вкупно шест. Не е доволно да се погледне клипов само еднаш.

Џордан беше атракција и на 38 години

На 25 септември 2001, Ем Џеј го најави вториот кам бек во НБА. Овој пат во Вашингтон Визардс и со намера да ја донира платата за помош на семејствата на жртвите од нападите на 11 септември. И покрај проблемите со повреди, беше стартер на 53 од вкупно 60 натпревари и беше најдобар во својот тим со просек од 24,3 поени, 5,4 асистенции и 6 скока. Визардс ја завршија сезоната со рекордни 37 победи, а Џордан и на 38 години беше меѓу кандидатите за МВП.

Врвна компилација со лажњаци на Џордан

Најголемата кошаркарска икона на сите времиња, денеска дувна 60 комада. Како ли да се одбере клип за објава по повод неговиот роденден? Ако запнеме, 60 јаки ќе најдеме. Минимум.

60 години Мајкл Џордан: Зошто беше прв во сè што правеше?

Ја одбележа не само ерата во која играше, туку и иднината на спортот. Ја направи НБА глобална. И ден денес со „The Last Dance“, повеќе се зборува за него, отколку за денешните ѕвезди.

За бизнисот со џорданки и заработката на Најк и Мајкл 1984 vs 2022

Тоа што легендата е во пензија едно 20 години, не менува ама баш ништо во касата на Најк, што значи по дифолт има многу пари и за Џордан. Односно сè повеќе и кај двете страни.

Чекаа ѕвезда на Шарлот за автограм и наеднаш им се појавува Мајкл Џордан

Двајца навивачи на Шарлот Хорнетс го чекале Ламело Бол, но наместо него, од гаража им се појавува Ем Џеј, кој е инаку газда на клубот. Му бараат фотка, ама ги одбива, а некои медиуми пишуваат дека за тоа што го снимаат со телефон им рекол: „Спушти го тоа срање доле“.

The last shot

Време е за Мајкл Џордан. Најголемиот на сите времиња. Синоним за кошарка и ден денеска и идол на секое дете во 90-те. Него не можеш да не го сакаш, туку мора да седиш до рано сабајле за да го гледаш. Инаку тапа си во друштво и ќе ти го кажат другарите резултатот пред да чекаш снимка преку ден. Да се потсетиме на „The last shot“ кој се случи пред 24 години. Задолжително и незаборавно четиво.

Последниот дуел на Дражен Петровиќ и Мајкл Џордан

7 јуни 1993-та е црн ден за хрватската, европската и светска кошарка, бидејќи на тој датум во сообраќајна несреќа загина според некои, сè уште најдобриот кошаркар од Европа. На колку јако ретро налетавме кажува самиот наслов. Ова се снимки на двајца великани кои ќе останат во аналите. Џордан: 24 поени, 9 скока, 8 асистенции, 1 украдена топка. Петровиќ 16 поени, 5 скока, 3 асистенции, 3 украдени топки. Уживајте.

Убави средби на Џордан со Дончиќ и Леброн

Најголемиот на сите времиња е голем и натаму, а тоа го покажува со респектот кон помладите. Каква чест за Лука, инаку 37 години помал од Ем Џеј. Му влета изненадувачки и се сецна и обезбедувањето.

Мутомбо, ова е за тебе

Кога Мајкл Џордан имаше нешто да му каже и да му покаже на Дикембе Мутомбо. Кој не спиел за НБА во 90-те, сигурно ќе се сети на легендарниов момент.

Топ 10 потези на Џордан од НБА финалињата

Никогаш доста од најдобриот на сите времиња, од великанот, од великодушниот кој најново, донираше 10 милиони долари за изградба на две клиники во Северна Каролина. Денеска полни 58 години, а тоа што го остави во наследство за гледање, не старее.

Експлозивниот настап на Џордан со 19 поени за 6 минути

На 8 минути до крај Чикаго Булс губи од Ванвувер со 8 разлика, а на Мајкл не му оди, има само 10 поени и седи на клупа. Ама мустрата Фил Џексон знае чудо од човек тренира, го става во игра и ги прави попара.

Тони Кукоч слави 52 роденден

Трикратен шампион во НБА, еден од најдобрите шести играчи на сите времиња, петркатен освојувач на Еуроскар наградата за најдобар играч на годината во Европа, трократен европски првак со Југопластика, три пати МВП на финалето на Евролига, три медали со репрезентација.

Документарецот за Џордан го инспирирал Робен да се врати

Легендарниот холандски фудбалер се врати од пензија и ќе продолжи да игра фудбал за неговиот матичен клуб Гронинген. За ваков чекор добил инспирација од документарката за Џордан.

Како одигра Џордан со стомачен вирус против Јута во финале

И болен ја сомеле со 38 поени, 7 скока и 5 асистенции, а Булси поведоа 3:2 во петтиот натпревар од финалната серија во 1997-ма. Ете тоа беше Ем Џеј.

Тони Кукоч освои практично сè во Европа и НБА, но не го ценат доволно

Детето од сплитската рива морал да помине мошне трнлив пат и да ги придобие симпатиите на Мајкл Џордан и Скоти Пипен, кои неправедно биле груби кон него дури и тогаш кога не го познавале.

Кога Дражен Далипагиќ го победил Џордан

Малку е познат натпреварот меѓу најдобрите колеџ кошаркари од САД против најдоврите играчи од Европа, дуел на кој Далипагиќ го издоминирал младиот Мајкл.

Соиграч на Џордан од шампионскиот Чикаго: „Документарецот е лага до лага“

„Последниот танц“, кој стана најгледан документарен филм во историјата на каналот ЕСПН со просечна гледаност на епизода од 5,6 милиони гледачи, сега доби студен туш од еден долгогодишен соиграч на Џордан.