Перо ја спаси Атланта

Со тројката на Перо Антиќ на една секунда пред крајот, Атланта Хокс се изборија за продолжение, а потоа и славеа против Шарлот Бобкетс со 118:116.

По повредата на Ал Хорфорд, Перо Антиќ доби поголема минутажа и ја искористи кога најмногу беше потребно. На три секунди пред крајот тој постигна луда троја со една нога и израмни на 101:101 со што Атланта се избори за продолжение.

На крајот Атланта победи со 118:116, а Антиќ за 22 минути и 22 секунди игра имаше учинок од три поени, четири скока, седум асистенции, една украдена топка и три блокади.

Милсеп со 33 и Вилијамс со 28 поени беа најефикасни кај Атланта, а Џеферсон со 24 поени беше најефикасен кај Шарлот.

29 декември 2013 - 08:54