МВП издание на Џејмс Харден, Драгиќ во ритам

Џејмс Харден забележа трипл-дабл учинок во триумфот на Хјустон Рокитс над Минесота Тимбервулвс 113:102. Харден така се доближи до МВП титулата во регуларниот дел од сезоната. Против Минесота синоќа постигна 31 поен, 11 скокови и 10 асистенции.

Синоќа во НБА победи славеа уште и Мајами, Чикаго, Хјустон, Бруклин, Мемфис, Њу Орлеанс, Јута и Бостон.

Сите поени и вториот трипл-дабл сезонава на Џејмс Харден:

Харден во еден момент го „исчаши“ зглобот на Рики Рубио:

На истиот натпревар, своите квалитети ги покажа и Ендрју Вигинс, првиот пик на драфтот, кој наполни 20 години. Против Хјустон синоќа уфрли 30 поени:

Првпат како стартер за Мајами синоќа, Горан Драгиќ постигна 23 поени, 10 асистенции и 2 укр. топки:

Мајами ја победи Филаделфија 119:108, а Драгиќ беше најзаслужен за триумфот: