Импресивната тимска акција на Феникс

Кошаркарите на Феникс санс се на пола пат до првата шампионска титула во НБА лигата, откако го совладаа Милвоки Бакс и водат со 2:0 во финалната серија. Јанис Адетокумбо повторно одигра врвна партија, ама сите зборуваат за тимската акција на Сонцата.

Можеби е повеќе фудбалски термин, но ќе го употребиме. Феникс на Милвоки му покажа како е да се има посед на топка и да се изрежиња една од најубавите тимски акции во НБА финалињата.

Ја направија во финишот од втората четвртина, а учествуваа сите петмина кошаркари со вкупно 10 додавања и со време од околу 20 секунди.

Тимски и несебично до целта, тоа изгледа вака.

И уште еднаш

Клучни за триумфот на Феникс беа Девин Букер со 31, Мајкл Бриџис со 27 и Крис Пол со 23 поени. Бадијала беше фантастичниот учинок на Јанис Адетокумпо со 42 поени и 12 скока.

Третиот финален дуел се префрла во Милвоки, ноќта помеѓу недела и понеделник и во 2 часот по македонско време.

Јанис во еден момент збесна на клупа.

9 јули 2021 - 12:19