Хокси до 19-та во низа, доминира и Торонто

Атланта Хокс и Торонто Репторс ја продолжија доминацијата на Истокот, а Сакраменто ја прекина серијата последователни порази. Хјустон загуби од Детроит, во натпревар во кој се повреди Џејмс Харден.

Лидерот на Истокот без поголеми проблеми и без Перо Антиќ во ростерот стекна голема предност, која Филаделфија не успеа да ја стигне и покрај тоа што во третата четвртина даде 32 поени. Ал Хорфорд се истакна со 23 поени и 11 скокови, а по 15 погодоци уфрлија Пол Милсап и Денис Шредер. Макл Картер-Вилијамс и Џереми Грант постигнаа по 13 поени за 76-те. Синоќешниот триумф беше 40. во сезоната за Атланта.

Далас Маверикс лесно го надигра Орландо Меџик 108:93. До триумф на Флорида, Маверикс ги предводеше Монта Елис со 25 поени и 12 асистенции, а Тајсон Чендлер уфрли 20 поени. Во осмиот пораз по ред за Орландо, Никола Вучевиќ уфрли 17 поени и 16 скокови. Тоа беше 28. дабл-дабл за Црногорецот сезонава.

Резултати:

Мемфис-Оклахома 85:74
Милвоки-Портланд 95:88
Денвер-Шарлот 96:104
Голден Стејт-Феникс 106:87
Индијана-Сакрамнето 94:99
Орландо-Далас 93:108
Детроит-Хјустон 114:101.