Дончиќ го пцуеше македонскиот судија, а потоа продолжи и на тајмаут

За кусо време се случија две сензации на Европското во кошарка. Белгија го изненади актуелниот светски првак Шпанија, а БиХ истото му го стори на европскиот првак Словенија. Лука Дончиќ потврли.

Во Ланксес арената во Келн, која вечно ќе ја паметиме поради двете европски титули на РК Вардар, БиХ ја шокираше Словенија со 97:93.

За Словенците ова е прв пораз во последниот седум годините на Европските првенства. Последниот им беше од Летонија во осминафиналето на ЕП 2015.

Најдобар поентер на мечот Џон Роберсон со 23 поени, Џанан Муса постигна 22, а најголема помош добија од Халиловиќ со 12 и Атиќ и Нуркиќ со по 12.

Лука Дончиќ одигра под своето ниво и постигна 16 поени, а за тројка ги утна сите осум обиди. Најефикасен кај Словенците беше Влатко Чанчар со 22 поени, а Горан Драгиќ даде 20.

НБА звездата на Далас го пцуеше нашиот судија Игор Митровски, а потоа беше нервозен и на тајмаут. Прво удри со шише, а потоа викна: „У пм, од Босна ли да изгубиме“. 

Нервозен беше и Драгиќ кој на прашањето зошто не играше многу во втората четвртина, одговори:

И кога не му оди на Лука:

Атракција на Дончиќ со фудбалски дриблинг и цепелин 

5 септември 2022 - 12:36