Таг: еп 2022

Топ 10 листа со најјаки потези на ЕП, Дончиќ ја украде првата позиција

Публиката во Германија, Италија, Грузија и Чешка, 18 дена уживаше во атрактивна кошарка од која ФИБА сигурно била на маки што попрво да издвои. Атракција до атракција, како НБА да гледаш.

Блесокот на Хернангомез кој ги шашардиса Франзуците со седум тројки

Вили Хернангомез е прогласен за МВП на Европското, ама внимавајте што правеше во финалето брат му кој постигна 27 поени од кои дури седум тројки од девет обиди. Само во втората четвртина Хуанчо Хернангомез беше немилосрден со шест тројки во шест минути.

Потоп на пресот на европските прваци

И покрај тоа што не беа меѓу главните кандидати за титулата на ова првенство, сепак Шпанците блеснаа од сенка и со триумф над Франција стигнаа до европската титула број 4. Селекторот и капитенот ги избањаа од глава до петици.

Амбициозен и симпатичен коментар на Пољаците откако го урнаа европскиот првак

Со елиминацијата на Србија и Грција, не завршија сензационалните резултати на Европското. Полска и Словенија одиграа натпревар со лудачки пресврти, а на крајот со наведната глава дома си одат Дончиќ и другарите кои ја бранат титулата. Ќе се прераскажуваа оваа драма, особено во Полска.

Селекторот на Италија ги гушкаше Србите, Италијанците и на крај и Гркот Јанис

Италијанците направија сензација против Јокиќ и другарите и ја селиминираа Србија во осминафиналето на ЕП. Него како ли да ви ги опишеме емоциите и радоста на италијанскиот селектор Џанмарко Поцеко? Побудале човекот и на крај се измори од радување. Ако ве види и вас ќе ве гушне.

ЕП во кошарка: Чудно судење

Една од последиците на конфликтот меѓу Светската кошаркарска федерација и Здружението на европските кошаркарски лиги е судењето под секој критериум на Европското првенство во кошарка. Во позадина е борбата за моќ и контрола на протокот на пари што и штети на кошарката.

Словенците го нишаа автобусот од славење

Со 4 победи и 1 пораз, Словенците завршија први во групата Б, а по триумфот над Франција се зезаа на нивна сметка и пееја познат српски хит.

Ѕверско забивање на Јанис кој ги исповитка обрачите против Естонија

„Тhe Greek Freak“ и беше потребен на Грција само 20 минути на средбата против Естонија (90:69), а одговори со 25 поени, 5 скока и 4 асистенции. Грците ја завршија групата со 5 од 5, а во осминафинале ќе играат против Чешка.

Богдановиќ намерно промаши слободно фрлање за Хрватска да не вкрсти со Србија?

На 27 секунди до крај при водство од +7 против Украина, на линијата за слободни фрлања застана Бојан Богдановиќ. Математиката на Хрватите беше дека ако победат со најмалку 8 поени разлика, ќе завршат втори во група и ќе влезат во костурот со Србија. Односно прво би играле против Словенија, па после евентуално со Србија или Франција. Но очигледно според остриот начин на шутирање, намерно ја избегнаа таа комбинација и завршија трети.

Нуркиќ: Играме за народот, а не за политичарите, замислете Франција да немаше хотел и храна?

„Дали Евробаскетот би ги променил нашите политичари? Нив војната не ги промени, а ниту пандемијата. Мислам дека ништо не може да се направи, дури и злато ако освоиме“.

Наградата за навивач број 1 на ЕП оди во Ваљево

Србија ја збриша Финска со 30 поени разлика и има 3 од 3 на Евробаскетот. Го имаме победникот на мечот и на цело првенство.

За време на инцидентот меѓу Турција и Грузија, 24 секунди од играта отидоа курбан

Селекцијата на Грузија ја доби Турција во Тбилиси со 88:83 после две продолженија. Мечот донесе голема тензија, судир на паркетот, тепачка после мечот, исклучување на турскиот селектор, но и кикс на организаторот кој не стисна пауза на семафорот.

Дончиќ го пцуеше македонскиот судија, а потоа продолжи и на тајмаут

За кусо време се случија две сензации на Европското во кошарка. Белгија го изненади актуелниот светски првак Шпанија, а БиХ истото му го стори на европскиот првак Словенија. Лука Дончиќ потврли.

Европските прваци никој не ги собра со автобус, па фатија такси за првиот меч

Германија, како една од четирите земји домаќини на Европското првенство во кошарка, киксираше со организација уште на старт. Словенија имаше натпревар против Литванија, ама немаше превоз, па до Ланксес арената во Келн, кошаркарите мораа да одат со такси.

Црногорците слетаа во Тиват, а таму армија на навивачи

Селекцијата на Црна Гора го оствари до сега најголемиот успех на големите ракометни натпреварувања, а тоа го препознаа и наградија нивните навивачи, и на првенството, а потоа и дома.