Амбициозен и симпатичен коментар на Пољаците откако го урнаа европскиот првак

Со елиминацијата на Србија и Грција, не завршија сензационалните резултати на Европското. Полска и Словенија одиграа натпревар со лудачки пресврти, а на крајот со наведната глава дома си одат Дончиќ и другарите кои ја бранат титулата. Ќе се прераскажуваа оваа драма, особено во Полска.

Погледнете ја оваа радост на Пољаците кои малку срамежливо, ама преполни со желба го изустија највредниот медал.

Инаку резултатот на полувреме изгледаше нереален, бидејќи Полска водеше со неверојатни +19 (58:39). На нешто помалку од 2 минути до паузата со водеа и со 23 коша разлика.

И сега внимавајте на ова. Словенија во третата четвртина ги стигна со луда серија од 21:3. Пољаците за 8 минути дадоа само 3 поени.

И кога се чинеше дека Пољаците ќе паднат психолошки, Словенија во последната четвртина одигра под нивото, особено нервозниот Лука Дончиќ кој беше исклучен поради пет лични грешки.

Крајот донесе голема уште една драма и неизвесност во која Полска за влакно ќе ја прокоцкаше победата. Имаа водство од +8 на 35 секунди до крај, но Словенија набрзина даде тројка и веднаш им украде топка и даде уште 2 поени.

Пољаците не го искористија следниот напад, а Словенија ги имаше последените 8 секунди до крај. Ги одиграа лошо и неорганизирано, а со тројка ќе се избореа за продолженија.

Пољаците одат во полуфинале по пауза од половина век

15 септември 2022 - 09:17