Потоп на пресот на европските прваци

И покрај тоа што не беа меѓу главните кандидати за титулата на ова првенство, сепак Шпанците блеснаа од сенка и со триумф над Франција стигнаа до европската титула број 4. Селекторот и капитенот ги избањаа од глава до петици.

Шпанија славеше убедливо со 88:76 во натпревар на кој доминираше и постојано беше во предност, најчесто двоцифрена.

Пред ова Европско првенство најмногу се зборуваше за Србија со двократниот МВП во НБА, Јокиќ, Грција со неприкосновениот Јанис кој лани беше шампион во НБА и МВП во финалето, како и за бранителот на титула Словенија, предводена од Дончиќ.

Но подзаборавените Шпанци, историски гледано една од најсилните кошаркарски репрезентации, го искористистија потценувачкиот статус и се радуваа на крај.

Најдобар поединец во финалето беше Хуанчо Хернангомез со 27 поени, а за МВП на Евробаскетот е прогласен брат му Вили Хернангомез.

Селекторот Серџо Скариоло слави петти златен медал со Шпанија. Има уште три европски титули 2009, 2011 и 2015, како и титула светски шампион во 2019-та. 

19 септември 2022 - 08:41