ЕП во кошарка: Чудно судење

Една од последиците на конфликтот меѓу Светската кошаркарска федерација и Здружението на европските кошаркарски лиги е судењето под секој критериум на Европското првенство во кошарка. Во позадина е борбата за моќ и контрола на протокот на пари што и штети на кошарката.

Конфликтот меѓу ФИБА и УЛЕБ трае со години и не му се гледа крајот. Контролата на протокот на пари и ароганцијата на спротивставените сили и штети на кошарката во секој поглед.

Квалификациите за Светско и Европско првенство како и Олимписките игри се играат во термини кои никому не му одговараат, па затоа најдобрите репрезентации се принудени да играат со резервни тимови бидејќи играчите кои играат во НБА лигата и Евролигата често не се во можност да одговорете на повикот. 

Тоа има последица, на пример, Словенија како европски шампион во кошарка не се пласираше на СП во Кина, а Србија како светска кошаркарска велесила не се избори за Олимписките игри во Токио и стравува за учество на Светското првенство во 2023 година во Индонезија, Јапонија и Филипини.

Една од последиците на конфликтот меѓу ФИБА и УЛЕБ е тоа што најдобрите судии од Европа не судат натпревари под покровителство на ФИБА. Има комични ситуации на овогодинешното ЕП кога непознати судии кои не можат да си најдат место во европските клупски натпреварувања им судат на најголемите светски кошаркарски ѕвезди. 

Грешките што се случуваат се неверојатни. Јокиќ, Андетокумбо и Дончиќ зачудено гледаат како полуписмени судии им доделуваат намерни лични грешки во моментот кога тие се фаулирани, потоа чекори кои никој во салата не ги гледа или лични грешки во напад кои не би поминале ниту на натпревар во основно училиште.

Најдобар пример за страшните грешки што се случуваат е одлуката на судиите на мечот меѓу Литванија и Германија да не досудат слободни фрлања по техничка грешка добиена од селекторот на Германија. 

По жалбата поднесена од литванскиот тим до ФИБА, добија одговор кој се граничи со невкусна шега: „По натпреварот, репрезентацијата на Литванија поднесе протест за недоделување заслужено слободно фрлање по техничка грешка досудена за германскиот тим на 1:26 до крајот на третата четвртина.

Жалбата не може да се прифати бидејќи причините за протестот се поднесени по предвидениот рок од 60 минути по завршувањето на натпреварот. Исто така, дури и ако жалбата била поднесена во предвидениот рок, би била одбиена, бидејќи наведената причина не е една од причините поради кои може да се поднесе жалба.“

Оваа одлука последователно може да влијае на исходот на натпреварот. Судиите кои го судеа натпреварот се суспендирани од натпреварувањето. Останува да се надеваме дека судиите нема да влијаат на исходот на натпреварите за медали.

Александар Алексиќ

9 септември 2022 - 14:30