Дали се Лејкерс оштетени на мечот со Денвер?

Еден момент од крајот на третиот период од вториот меч во серијата меѓу Денвер Нагетс и ЛА Лејкерс е спорен, а се бунеа и главните играчи на тимот од Лос Анџелес. На 39,5 секунди до крајот на трета четвртина Мајкл Портер Џуниор го удри по лице ДиАнџело Расел а судиите иако досудија фаул, после видео проверка на барање на Денвер, ја сменија одлуката.

Лејкерс во тој момент имаше 10 поени предност и не доби слободни фрлања за Расел:

После 10-ти пораз по ред од Денвер Нагетс, кошаркарите на ЛА Лејкерс беа очигледно фрустрирани, особено по начинот на кој го загубија мечот во кој водеа речиси од почеток до крај.

„Не знам што се случува таму кај што ги гледаат забавените снимки, да бидам искрен. Ди-Ло (Дианџело Расел) е очигледно удрен во лице на продор. За што ебате имаме повторенни снимки ако испаѓа вака. Нема смисла. Ми смета. Тоа е срање како... Баш сега видов што се случило и на мечот Сиксерс и Никс исто. Што да правиме? Тоа е ебено глупаво. За што ги имаме забавените снимки ебате? Што правиме?“, рекол Леброн.

Херојски кош на Мареј со звукот на сирената, од -20 им се вратија

Како Јокиќ го спакува Дејвис еден на еден

„50 години сум во кошарка, сум се нагледал сè ама вакво нешто не“

23 април 2024 - 09:10