Брилијантниот Кари експлодираше со 62 поени против Портланд

Голден Стејт Вориорс копаше низ историјата за да открие дека скоро 50 години ниту еден друг нивни кошаркар не постигнал толку поени. Стефон Кари синоќа не знаеше за доста.

Голден Стејт го совлада Портланд со 137:122, победа по која во центарот на вниманието е Кари кој одигра блескава и историска партија со личен рекорд од 62 поени.

Еден од најдобрите шутери во НБА лигата од поле шутираше 18/31, од слободни фрлања 18/19 и даде осум тројки, а шоуто го најави уште во прва четвртина која ја заврши со неверојатни 21 поен.

Повредата и долгата пауза како воопшто да не оставиле белег врз неговата игра. Само за потсетување го немаше една година на паркетот.

Стив Кер на крајот изјави дека му е чест што му е тренер, а Демион Ли во сред интервју го освежи со шише вода.

Последниот кош

Цело шоу на Кари

4 јануари 2021 - 10:53