Атланта декласирана, Кливленд во финалето со 4-0

Кавси не оставија сомнеж кој е најдобриот тим на Истокот, откако синоќа со 118-88 ја прегазија Атланта во Квикен Лоанс Арената и обезбедија пласман во големото финале.

КЛИВЛЕНД - АТЛАНТА 118-88

Супер-ѕвездата на Кавалерите, Леброн Џејмс не беше ефикасен како на претходните три дуели со Хокси, но и покрај тоа уфрли 23 поени со 9 скокови, 7 асистенции и 2 украдени топки и ќе игра во петтото финале за него по ред, a шесто во кариерата. На тој начин, Леброн стана првиот што ќе игра пет финалиња по ред од 1966. кога Бил Расел имаше таков подвиг.

Изненади и Кајри Ирвинг, кој се врати после повредата поради која ги пропушти првите два меча и синоќа уфрли девет поени во првата четвртина. Kaj Хокси, Џеф Тиг беше најефикасен со 17 поени, а Пол Милсап постигна 16 поени и 10 скокови. Перо Антиќ воопшто не влегуваше на паркетот.

 Во финалето, Кливленд ќе игра против подобриот од дуелот Голден Стејт - Хјустон, каде Вориорс веќе водат 3-1 и се на чекор од големото финале. Кливленд нема да ја има предноста на домашен терен, а големото финале почнува на 4. јуни.