Антиќ загуби од Чикаго со звукот на сирената

Кошаркарите на Атланта Хокс имаа висока предност во текот на целиот натпревар против Булси, но го загубија мечот во последната четвртина (85:84). Перо играше 14 минути.

Во четвртиот подготвителен натпревар пред почетокот на сезоната, Перо Антиќ не успеа да забележи нов триумф, затоа што Атланта прокоцка 19 поени разлика во само десет минути против Чикаго Булс.

„Јастребите“ во последната четвртина влегоа со предност која по самиот старт се зголеми на 21 поен позитива. Нашиот интернационалец на паркетот беше 14 минути во кој постигна 8 поени, а покрај него Атланта го имаше и расположениот Мајк Скот со 15 коша.

Чикаго успеа да се врати во игра со серија од 9-0 на 5 минути пред крајот од дуелот. „Биковите“ ги предводеше Џими Батлер (23 поени), кој го даде и последниот кош за победа со звукот на сирената.

НБА предсезона, резултати:

ЛА Лејкерс - Јута 86:119
Финикс - Сан Антонио 121:90
Голден Стејт – Денвер 104:101
Њу Орлеанс - Оклахома 120:86
Чикаго - Атланта 85:84
Филаделфија - Бостон 91:111

17 октомври 2014 - 10:17