Ако ви пречи мљацкање

Следниот пат кога ќе ви дојде да го задавите колегата зашто со мљацкање го јаде својот сендвич, едноставно опуштете се за момент и дозволете да ве облее мислата дека сте генијалец. 

Студија на американскиот Нортвестерн универзитет сугерира дека неспособноста да се филтрираат околни ремет звуци е честа одлика на високо креативни луѓе.

Дел од студијата се потпира на историски примери на генијалци за кои се знае дека има пречеле звуци од околината. Такви биле Чарлс Дарвин и Антон Чехов а особено Марсел Пруст кој постојано бил со чепчиња во уши а просторијата во која работел ја претворил во глува соба, комплетно обложена со плута.

Остатокот од оваа џанк сајенс епизода се темели на експериментални истражувања на живи учесници кои во ограничено време и различни околности требало да исполнуваат задачи од областа на визуелните уметности, креативното пишување, научни откритија, кулинарство и друго.

Резултатите покажале силна врска меѓу најкреативните одговори и постигнувања и чувствителноста на надворешната бучава за време на работењето, пишува британски Телеграф.

12 март 2015 - 10:39