Зошто Левандовски ја заслужува Златната топка за 2021?

Роналдо ја освои пет пати, Меси шест пати и многумина мислат дека им се доста, односно дека има и други момци кои треба да ја освојат. Како на пример Роберт Левандовски, човекот кој стана асоцијација за гол. Дефинитивно ова е негова година.

Класична 9-ка е, ама не од оние кои кои чекаат само да ја боцнат топката за да ја сместат во мрежа. Левандовски е моќен шпиц кој дава гол кога сака, како сака и од каде сака. 33 годишна машина со 585 комада за клуб и репрезентација.

Неодамна стана играч со најголем број на голови по првите 100 настапи во Лига на шампиони. Тоа се 81. Втор е Меси со 77, трет Роналдо со 64, што значи знае да пркоси во полето каде Аргентинецот и Португалецот доминираат по многу параметри.

Левандовски годинава, а ништо полош не беше ниту изминативе неколку години, прави растур систем. Дава гол на секои 66 минути и со тоа 34% од головите на Баерн се негови. Да не заборавиме и дека му го сруши стариот рекорд на Герд Милер во Бундеслига од 42 гола во една година.

Клучните успеси на Левандовски во 2021-ва со кои заслужува да ја освои Златната топка:

- 45 голови на 36 меча од кои 38 на 30 настапи во првенство.

- 41 рекорден гол во една сезона (2020/2021) и тоа на 29 настапи од можни 34 првенствени во Бундеслигата. Во Италија, Шпанија, Англија и Франција им 38 кола.

- Најдобар стрелец во Бундеслигата (по шести пат).

- Освојувач на Златната копачка (2020/2021).

- Освојувач на Бундеслигата.

- Освојувач на Суперкупот на Германија.

Бројките на Левандовски во ЛШ се нереални, до каде ќе оди овој човек?

Или дајте му Златна топка на Левандовски или јас ќе му ја дадам мојата

Туку што беше со голот на Левандовски?

29 ноември 2021 - 14:46