Зидан е скаран со Копа Деј Реј и прв пат во кариера како тренер прима 4 гола

Барселона и Реал Мадрид загубија во Купот и со тоа им се отвора можност трофејот да го подигне некој од Сосиедад, Билбао или Гранада, а можеби и второлигашот Мирандес. Зидан губи од кој стигне во ова натпреварување.

Реал Сосиедад синоќа го попари Реал Мадрид на Бернабеу со победа од 3:4, нетипичен резултат за било кој тим кој им гостува на Кралевите. Дека тоа ќе биде дебакл за домаќините стана јасно кога прво беше 0:3, па 1:4.

Ај да речеш Зидан пуштил втор состав за да ги одмара главните за во Ла Лига каде се лидери, ама не. Синоќа во прв состав беа Бензема, Крос, Хамес Родригез, Рамос, Марсело, а на почеток на второ влезе и Модриќ.

Што имал во глава францускиот стратег и дали планирал да го троши тимот за Куп покрај првенство и ЛШ, само тој си знае, но едно е сигурно. Копа дел Реј му е табу тема.

Откако е тренер на Реал Мадрид секогаш се соочува со елиминација во четвртфинале и тоа поразите му се од Селта, Леганес и синоќа од Реал Сосиедад.

Инаку синоќешниот негов натпревар беше вкупно 250-ти за Реал од кои 57 му се за Б тимот и 193 за првиот тим со кој стигна до три титули во ЛШ по ред. Статистиката вели дека за прв пат прима 4 гола.

Играчот кој синоќа најмногу се истакна беше младиот Алекс Исак кој го купија летоска од Борусија Дортмунд и веќе има 13 гола на сите натпреварувања. 20 годишниот шведски напаѓач беше двоен стрелец на мечот, но ако немаше толку утки можеше и 5 да им даде.

Гол им даде и нивниот член Мартин Одегард кој не се радуваше и за кој Реал Сосиедад е трета позајмица после Херенвен и Витезе.

65 години не биле елиминирани заедно.

Барса го изеде во 93-та

7 февруари 2020 - 10:59