Зидан 9 пати тргнал по еден драг пехар, ама никогаш не го освоил

Зинедин Зидан како играч и тренер има освоено еден куп трофеи. Највредни му се светската и европската титула со Франција, а бројни пехари освои и на клупски план. Само едно нешто му бега од рака повеќе од 30 години.

Зинедин Зидан никогаш не го освоил шпанскиот Копа дел Реј, ни како играч, ни како тренер.

Во играчката кариера Зизу два пати губел во финале и уште неколку пати во рана фаза на шпански Куп.

2000/2001 - изгубил во финале од Депортиво Ла Коруња (1:2)

Славната шамионска генерација на Депор со Диего Тристан и Валерон го совлада Реал Мадрид во првото финале на шпански Куп за Зизу.

2002/2003 - пораз на Зидан во 1/4 финале од Мајорка (1:1, 0:4)

Кралскиот луб во ѕвезден состав дојде во Мајорка каде изгуби 4:0. Блескаше Самуел Ето со два гола. Во тоа време финалето се играше со реванш, а првиот меч во Мадрид заврши 1:1.

2003/2004 - пораз во финале од Сарагоса (2:3 во продолженија)

Сарагоса во оваа сезона играше можеби најдобар фудбал во клупската историја. Го освоија Купот откако го совладаа Реал 2:3 во продолженија кога „кралевите“ играа со играч помалку по исклучувањето на Гути.

2004/2005 - пораз во 1/8 финале од Ваљадолид (0:0 и 1:1 со гол на гости)

Во раната фаза од Копа дел Реј, Реал често игра во мешан состав, па така и во таа сезона 2004/2005. Одиграа 0:0 дома против тогашниот второлигаш Ваљадолид, а дома поведоа благодарение на Мајкл Овен. Но на 10 минути пред крајот гостите израмнија а тој меч се памети по тоа што тренерот на Реал Валереј Луксембурго на полувреме направи дури 3 измени (Зидан влезе во игра наместо Хурадо) но ни тоа не му помогна и Реал ја заврши сезоната без освоен трофеј.

2005/2006 - дебакл во полуфинале со Сарагоса (1:6, 4:0)

Најтешкиот пораз на „галактикоси“ и еден од најтешките порази во клупската историја, Реал го доживеа против Сарагоса во Купот.

На првиот меч од полуфиналето, Диего Милито даде 4 гола во сензационалниот триумф од 6:1 на Сарагоса над Реал. Цел тим од Мадрид во медиумите доби оцена единица освен голманот Сесар кој добил двојка.

Интересно во реваншот Реал за малку ќе се спасел, победил со 4:0 и им фалел само гол за да поминат понатаму.

ЗИДАН КАКО ТРЕНЕР

2015/2016 - испаднаа поради техничка грешка со Черишев

Зизу го презеде Реал на почетокот на 2016 година, но претходно екипата изгуби шанси да помине понатаму во Купот затоа што против Кадиз играше Денис Черишев иако не бил регистриран па службено Реал беше елиминиран.

2016/2017 - елиминација од Селта во 1/4 финале (2:1, 2:2)

Под водство на Зидан Реал Мадрид почна почесто да игра во силен состав во Купот, но и покрај тоа подалеку од 1/4 финале не стигнале со Французинот. Во неговата прва полна сезона како тренер испаднаа од Селта Виго во двомеч.

2017/2018 - испадна од Леганес во 1/4 финале (1:0, 1:2)

Реал дома изгуби со Леганес 1:2, на гости играше во полн состав но и покрај триумфот, испадна поради правилото за гол на гости.

2018/2019 - испадна од Барселона

Зидан се врати во Реал откако го смени неговиот помошник Сантијаго Солари кој беше в.д тренер краток период. Но во Купот не стигна да игра затоа што Реал испадна во полуфинале од Барселона.

2019/2020 - испадна во 1/4 финале од Реал Сосиедад

Во оваа фаза на шпанскиот Куп се игра двомеч, но поради глобалната пандемија го вратија системот на само еден натпревар. Сосиедад водеше 3:0 па 4:1 а Реал постигна два гола во последните 10 минути за само да го ублажи поразот.

2020/2021 - испадна во 1/16 финале од Алкојано

Како што гледате и сами, вака рано Реал никогаш не испаднал во Купот. Синоќа третолигашот Алкојано направи првокласна сензација и со 2:1 во продолженија го урна големиот Реал Мадрид па таа Зидан остана со празни раце.

21 јануари 2021 - 13:11