Жесток протест на навивачите на Луверпул

Негодувањата на фановите се однесуваат на вчерашното гостување против Арсенал, каде нивното присуство на „Емирати" стадионот чинеше 62 фунти. Пред само неколку кола поради истата сума „Граѓаните" на Арсенал му вратија околу 900 влезници.

Најверните навивачи на Ливерпул незадоволството од високите цени за гостувањата на островот го искажаа со разни пароли кои ги подигнаа на синоќешното реми против „Топџиите" на гостувањето во Лондон.

Ова всушнот претставува како еден вид поддршка и за навивачите на Манчестер Сити кои неодамна револтот го искажаа со враќање на околу 900 билети кои му беа вратени на лондонскиот тим.

Ова не се случува само против Арсенал. Клубовите во Премиер лигата целосно ги експлоатираат навивачите. Ние сме најверните поддржувачи на клубот затоа што од нас се бара 19 пати во годината да заминеме на гостување. Разговарав и со други навивачи и тие одлучија да не дојдат на мечот против Арсенал, затоа што не беа подготвени да издвојат 62 фунти за еден билет“, вели разлутениот навивач на Ливерпул Џеј Мекена.

Навивачите на Ливерпул започнаа со кампања во која бараат да се приклучат сите останати навивачки групи, како и Фудбалската Асоцијација на Англија. Нивното барање е билет за гостување да чини 25 фунти.

Во зависнот од натпреварот најевтината влезница во Премиер лигата за на гостински терен чини од 30 до 40 фунти, но поради скапата влезница од 62 фунти простестите на стадионот „Емирати" овој месец се случуваат по втор пат.

Во прилог на навивачите не оди денешната вест која пристигна од Арсенал, а тоа е дека за наредната сезона немаат намера да ги менуваат цените на билетите.

31 јануари 2013 - 12:12