Затворски казни за италијанските расисти

Шест навивачи на италијанскиот нисколигаш Про Патрија добија затворски казни за расистичките навреди на фудбалерите на Милан на пријателскиот натпревар во јануари.

Расистичките навреди кои предизвикаа прекин на пријателскиот натпревар помеѓу Милан и четвртолигашот Про Патрија доби свој епилог.

Јавниот обвинител побара затворски казни од четири до шест месеци, но шест навивачи ќе поминат помеѓу 40 денови и два месеци во затвор расистичките навреди по кои Кевин Принс Боатенг реши да го напушти теренот во 25-та минута.

Освен Боатенг, цел на расистичките навреди беа и Нианг и Мунтари. Боатенг и Нианг дадоа свои искази за време на судењето, а Мунтари не сакаше да сведочи доби казна од 500 евра.

5 јуни 2013 - 15:29