Занимливости за 2-та гола на Горан Пандев

Од недела во недела нашиот најдобар фудбалер на сите времиња поставува нови достигнувања, рекорди и подвизи. На 37 години во една од трите најсилни лиги на светот.

Кога последен пат нашиот капитен постигна 2 гола во Серија А, прв погодок на тој меч дал и во моментов најдобриот фудбалер во Премиер лига Бруно Фернандеш.

На 7 декември 2013-та година како многу почитуван од тифозите на Наполи, Горан Пандев против Удинезе во рок од само 3 минути даде 2 гола.

Струмичанецот, тогаш под водство на Рафа Бенитез стрелаше прецизно во 38' и 41' минута за голема радост на „Сан Паоло“.

Интересно, гостите од Удине на крај стигнаа до бод (3:3) со голот на Душан Баста, а првиот гол во професионалната кариера во прва лига го даде и Португалецот Бруно Фернандеш, денес играч број 1 на Манчестер Јунајтед и во Премиер лига кој синоќа постигна прекрасен гол против Евертон (3:3).

Горан Пандев се најде и на една необична листа на стрелци на 2 гола на натпревари на исти противници, ама во различни дресови.

Капитенот на Македонија е еден од ретките со ваков подвиг. Горан на 28 септември во 2013-та година како фудбалер на Наполи даде 2 погодоци против Џенова на гости на „Луиџи Ферарис“: И тоа пазете, првиот погодок во 14' минута вториот во 25':

Синоќа на 6 февруари 2021 даде 2 гола против поранешниот клуб Наполи на истиот стадион ама во дресот на Џенова, првиот во 11', вториот во 26'.

Вакво нешто им пошло од рака само на:

- Пипо Инзаги (за Јувентус против Милан 1998, за Милан против Јувентус 2008),
- Оливер Бироф (за Удинезе против Милан 1997, за Милан против Удинезе 1999),
- Алесандро Матри (Јувентус 2010/2011, Каљари 2010/2011 против едните во прва полусезона па против другите во втора полусезона)
- Фабио Кваљарела (Удинезе 2007/2008 и Сампдорија 2019)
- Алдо Серена (дербито на Милано, 1983-та за Милан, 18 март 1990 за Интер во Серија А)
- Роберто Бонисења 2 гола во Куп на Италија 71/72 и 1974-75 против Јувентус и после 2 гола за Јуве против Интер во првенство 1976/1977

Првиот гол против Наполи
Вториот гол против Наполи 

7 февруари 2021 - 11:16