За тренинзите на Меси кој само еднаш загубил на шева и еднаш кога играле стари на млади

Стратегот на Барселона кој од оваа сезона нема повеќе привилегија да работи со веројатно најдобриот фудбалер во светот, го опишува Меси како „тиранин“. Ниту се штедел, ниту сакал да губи на тренинг, а со неговото присуство подобри биле и другите. 

Роналд Куман открива детали од тренинзите на Барселона и вели дека Меси го подигнал нивото на клубот, бидејќи се развил во еден од најдобрите во историјата.

И покрај тоа што бил опкружен со добри играчи, сепак тој секогаш ја правел разликата и сите други биле подобри отколку што сè, поради него.

„Знаев колку е добар, но сепак беше убаво да се гледа секој ден од близу. Сè што сакате да научите еден фудбалер, како на пример препознавање на ситуации, крадење топка под притисок, финиш на акција и слично, кај Меси е 10-ка. Не беше нормално, едноставно не беше нормално“.

„Кога правевме вежби на тренинг, некои играчи почнуваа со млако шутирање. Но со Меси сè беше: бум, бум, бум, бум. Никогаш без поента и секогаш функционално. И секогаш сакаше да освојува сè.

Кога игравме шева, ако топката се врти околу 20 пати, тогаш играчите во средина мораа дополнително да ја бркаат. Ако на истите двајца им се случи тоа три пати по ред, тогаш јадеа заушки. Го прашав Меси дали тоа му се случило некогаш, а тој ми одговори `Да, еднаш`. Во сите тие години. Со него постарите играчи, никогаш не загубиле на тренинг од помладите. Тоа се случило еднаш и Меси бил сериозно лут цела недела. Навистина, како тиранин“, објаснува холандскиот стратег.

На прашањето дали играчите ја загубија дисциплината откако си замина од Барселона, Куман признава дека неговото отсуство е забележливо.

На пример 18 годишниот Ансу Фати не тренирал со ист интензитет, како што го правел тоа во присуство на човекот, со кој Барселона освои 10 титули во Ла Лига и четири во ЛШ.

„Кога станав тренер на Барселона, имав разговор со него во неговата куќа во Кастелдефелс. Она што веднаш ме фасцинираше, беше неговата вклученост и заинтересираност за фудбалот“.

„Перформансите со Меси се совршени. Понекогаш правиме вежби со додавање и удар, каде што треба да ја шутнете топката во мал гол, преку столб. Пред некој ден го видов Ансу Фати како шутира и промашува поради недостаток на концентрација. Тој немаше да го стори тоа, ако Меси сè уште беше таму. Тоа никогаш не му се случи на Меси.

Никогаш не сум сретнал друг со таква фудбалска интелигенција со исклучок на Јохан Кројф“.

Асистентот на Куман, Алфред Шројдер, понекогаш вежбите ги објаснувал на англиски. Меси не го разбирал толку добро, но по неколку секунди се испоставило дека ги знае тие вежби.

„Минатата година имаше 30 гола и 20 асистенции. Беше пример за играчите. Меси освои многу трофеи, но само да го видевте од близу како се радуваше за последниот во Копа дел Реј, при толку освоени поголеми трофеи. Навистина многу му значеше да го освои со сите тие млади момци во кои ја гледаше иднината на клубот. Тие сакаа да се сликаат со него, не сум видел претходно нешто такво. До толку беше голем и уште е. Шок е за целиот град, што тој повеќе не е тука“, вели Шројдер.

29 септември 2021 - 15:35