За наградата гол на годината Пандев се јаде со голман

Капитенот на македонската репрезентација е се поблиску до освојувањето на наградата за гол на годината во Серија А. Најголемата битка ја води со голманот кој му даде епски гол на Милан. Да му помогнеме на Горан да се искачи на тронот.

Горан Пандев пред пет дена беше на четвртата позиција според бројот на гласови во изборот за гол на сезоната 2017/2018 во Серија А. Но фудбалската јавност се повеќе смета дека победник треба да биде токму тој и со нивна помош сега е втор.

Во конкуренцијата на 12 номинирани голови за Пандев до сега гласале 18% од вкупниот број на гласачи и сега е во тесна трка со екс голманот на Беневенто, Алберто Брињоли кој води со 19%.

На трето место е Сусо со 12% од гласовите, а по него следуваат Ѕапата и Икарди.

Асоцијацијата на италијански фудбалери по осми пат ја организира оваа манифестација закажана за 3 декември во Милано.

Покрај прогласувањето за гол на годината во Серија А, ќе се одбере и фудбалер на годината, тренер на годината, клуб на годината, судија на годината, тим на годината и откритие на Серија Б.

Ремек делото на Пандев против Верона кое ретко се гледа.

Среќниот гол на Брињоли кој минатата сезона на херојски начин му го донесе првиот бод на Беневенто против Милан во 96-та минута за 2:2. Сега брани за Палермо.

Гласајте тука. Форца Пандев.

31 октомври 2018 - 13:58