Во Серија Б падна смешка како измислена за сеир на навивачите

На мечот Комо - Бреша синоќа снема струја. Тоа еден циркуз, ама вториот многу појак. Ќе си пукнеме што нема излезено видео. Ама ви ветуваме дека ќе следиме дали ќе излезе.

На натпреварот од втората италијанска лига меѓу Комо и Бреша се случи квар или па некој не платил струја и наеднаш настана мрак. 

Но она по кое што патиме што нема снимка е смешката која се раскажува на Твитер. Еден во дебатата ветува дека ќе се потруди да најде видео од моментот кој оди вака: 

“Нереална сцена на мечот Комо - Бреша. Судијата покажа 11 минути продолжение, а играчот на Комо со 11 истрча да седне на клупа, бидејќи мислеше дека е заменет“.

„Проверив на ДАЗН, не се гледа ништо, ама ако слушате добро, некој вели „Не е измена, туку судиско продолжение, врати се на терен“.

„Хахаха сега го приметив. За жал аудиото на коментаторите е многу гласно и во тој момент зборуваат за да го коментираат голот, ама сцената е многу јака“. 

Инаку тазе акционер во Комо стана Тјери Анри, а од летово засилувања им се Патрик Кутроне и Сеск Фабрегас.

30 август 2022 - 09:05