Грмеж од егзалтирана меланхолија

Како турбо-фолкот стана општествено прифатлив

Од онаа луцидност на Рамбо дека турбо-фолкот е всушност панкот на новите млади со кој тие го покажуваат својот бунт кон светот на нивните родители (кои слушаа „квалитетна музика“ па сепак сјебаа и држава и сè) па до интересната еволуција накај нетипичните сексуални ориентации. Во секој случај, турбо-фолкот е покомплициран (и поинтересен!) феномен отколку што тоа го мислат лажните, напувани музички елитисти кои сметаат дека завршиле работа со тоа што ќе се гадат од него.

Турбофолкот има мрачно минато, поврзано со националистичките сили кои стоеја зад насилниот распад на Југославија. До првите години на овој век, турбофолкот беше јасен пример за музика поддржана од државата, пишува Џенифер Лена во трудот „Banding Together: How Communities Create Genres in Popular Music“ („Здружувања: како заедниците создаваат жанрови во популарната музика“). Не само што владини буџовани охрабруваа и нарачуваа песни од тој жанр туку ја поддржуваа и нивната продукција и ширење. Суштината на таа музика беше толку важна за режимските цели што државата ја користеше како пропаганда, пишува Џенер.

Кога регионот излегува од кошмарот на 90-тите, меѓународните судови почнуваат да ги судат поранешните моќници а новите политички елити им се заколнуваат на ЕУ и НАТО, турбофолкот ги потиснува етничките теми и се претвора во балканска поп музика, и станува мултикултурен поп феномен.

Често го оспоруваат како кичест и комерцијален (но тоа е оценка и за останатата поп музика) но откако ги отфрла оковите од ерата на Милошевиќ, станува сè пожив и по прогресивен. 

„Она што мене ме фасцинира во врска со тој жанр е неговата способност да биде мрачен, тажен и лут, и да истражува екстремнио емотивни состојби а истовремено да биде добар за играње, што е голем контраст на емотивно плитката електронска музика на Запад. Луксузните спотови на тој жанр, иако потсетуваат на американскиот хип-хоп заради чаталењето со богатството и гламурот, честопати се уметнички и прогресивни“, пишува Јуровишс која го наведува спотот на Николија како најдобриот лирски спот во историјата на турбо-фолкот ( „Ti u meni ko’ metak u cevi... Sve mi je crno osim tvojih crnih očiju“)

На Балканист постои цел фељтон кој ја истражува сексуалноста и половите во балканскиот поп фолк при што се констатира дека во турбо-фолкот има повеќе хомосексуалност отколку што тоа се чини на прв поглед. 

Во посткомунистичките земји као што се оние на Балканот кои и натаму жестоко ја осудуваат хомосексуалноста, квир перформативноста во популарната култура е можна заради недостатокот на заеднички код меѓу владеачката хетеросексуална мејнстрим публика и геј и квир толерантните културни работници.

Во книгата која се смета за авторитет на оваа тема ( Урош Чворо: Турбо-фолк музиката и културолошкото претставување на националните идентитети во поранешна Југославија, 2014) се наведува дека „јавноста го доживува турбо-фолкот како изворно балкански културен вид на отпор против замислената закана од глобализацијата и неолиберализмот“.

Тоа може да се види по западноевропските, американските или австралиските ноќни клубови каде што се собираат млади (чии семејства ја напуштиле Југославија) за да уживаат во јазикот и културата кои ги познаваат само од родителските приказни или од одморите во нивната татковина. Во тие клубови хрватските и босанските хитови се пуштаат заедно со српските, а Чворо досетливо го опишува турбо-фолкот како „концептуална категорија“ а не како жанр, бидејќи во себе има разни жанрови, од балади и фолк, преку рап, денс или електропоп.

Во турбо-фолк песните здравствените проблеми се користат како метафора за емотивни состојби за што говорат насловите на песните  - Депресија, Инсомнија, Паника, Делириум, Тахикардија, Колапс, Антидепресив..... цела лепеза медицински проблеми меѓу кои е спомнат дури и проблемот со високиот притисок (на Ана Николиќ, кога ѝ бил 200 со 100 пошто раскинале).

Токму Чворо е автор на брилијантната дефиниција на турбо-фолкот која ја искористивме во наднасловот на оваа статија - грмеж од егзалтирана меланхолија. Можеби здравствените метафори некому му изгледаат чудно но нивното терапевтско влијание врз младите од Балканот е неспорно.    

Во најдобар случај, турбо-фолкот им овозможува на балканските младини и оние од дијаспорите да побегнат од малодушната економска стварност, да прифатат еден лековит заеднички идентитет и да постигнат катарза и трансцедентност.

Затоа што турбо-фолкот (без усул) ги форсира чувствата, но не ги ублажува.

17 мај 2017 - 15:02