Во поход по победата број 300 во Премиер лигата

Челси ова коло го пречекува Бурнмут, а доколку настапи Џон Тери ќе има шанса да стане четвртиот фудбалер во историјата на Премиер лигата со оваа јубилејна бројка на победи.

Рајан Гигс е лидер на оваа табела кој се пензионираше со 407 победи во Премиер лигата. На втора позиција е Френк Лампард кој замина во МЛС лигата, а на трето место е Пол Сколс кој славеше на 321 средба.

Џон Тери е неизвесен за саботниот дуел против Бурнмут, а во случај да настапи ќе стигне до бројка од 300 победи на 470 одиграни натпревари во Премиер лигата.

4 декември 2015 - 15:42