Во Баерн е тензично, Кимих ја спукал со Тухел и негов помошник

Во рок од 9 дена, Баерн Минхен со соочи со три порази: 3:0 од Баер Леверкузен, 1:0 од Лацио и 3:2 од Бохум, што не ги личи со оглед на тоа што се Баерн.

Во екот на кризата на Баварците кои викендов уште повеќе се оддалечија од реалната можност за одбрана на титулата, дошло до расправии меѓу Џошуа Кимих и помошник тренерот Золт Лов.

29 годишниот Кимих не можел да поверува дека Тухел го вади во 63-та минута, по што негодувал и бил целосно разочаран на клупа. Билд пишува дека Ноер спречил и тепачка меѓу Кимих и Лов.

„Врската меѓу Томас Тухел и Џошуа Кимич е растурена. Последната епизода беше кога Кимих по вчерашниот натпревар го нападна еден од најблиските соработници на Тухел, Золт Лов. Кимих веќе се чувствуваше отфрлен минатото лето бидејќи главниот приоритет на Тухел беше да добие вистински играч од средниот ред кој ќе биде шеф на теренот. Пред натпреварот со Леверкузен, Кимих опсесивно работеше за да биде фит навреме и успеа, но Тухел во најважниот натпревар во сезоната се реши за Павловиќ и Горецка  по што тоа Кимих бил крајно револтиран. Кимих му беше продолжена рака на Јулијан Нагелсман, но под водство на Тухел одамна го загуби овој статус. Затоа сега размислува да го напушти Баерн на лето“, пишува Твитер профилот Bayern & Germany, кој го следат скоро 400.000 луѓе.

Баерн во следното коло од Бундеслигата ќе игра против Лајпциг, а потоа ќе има реванш во Лигата на шампионите на домашен терен со Лацио.

На 12 рунди до крајот заостанува 8 бода зад неприкосновениот Баер Леверкузен, кој ита кон титулата.

19 февруари 2024 - 14:46