Влаховиќ му ги чистеше копачките на докторот за асистенции кој го помина Меси

Јувентус стигна до првата победа во ЛШ, а една од најголемите заслуги за тоа одат кај човекот кој е многу блиску да стане најдобар асистент во историјата на европското натпреварување.

Јувентус ја совлада Макаби Хаифа со 3:1 и сите три асистенции се дело на Анхел Ди Марија. Искусниот Аргентинец еднаш го пронајде Влаховиќ и два пати Рабио.

За трите гола што ги намести, заслужено ја доби наградата за играч на натпреварот. Само втор пат во кариерата му успеало на еден меч да асистира три пати. Првиот пат против Клуб Бриж во 2019-та.

„Се обидувам да си ја вршам својата работа. Асистирањето ме прави среќен. Секогаш сум велел дека за мене е поважно од давање голови. Ме прави задоволен кога им асистирам на моите соиграчи“, изјави по мечот Ди Марија.

Со синоќершната маестрална партија Ди Марија го мина дури и својот сонародник Меси и има прилика да стане и најдобар во историјата.

Прекрасните асистенции на Анхел

6 октомври 2022 - 08:52