Вечната потрага на Берлин по фудбалски идентитет

Главните градови низ Европа се полни со различности и Берлин не е исклучок. Сепак кога се зборува за фудбалот, главниот град на Германија лежи во сенка, а причините за тоа се различни.

Пари Сент Жермен, Реал Мадрид, Рома, Арсенал и Челси од Лондон. А Берлин? Зошто главниот град на Германија ја нема истата фудбалска моќ како другите градови?
 
Од многуте екипи кои не успеале да ги надминат финансиските и политичките пречки во последните 70 години, само Херта и Унион Берлин се двата клуба кои претрпеле најмалку штета. Сепак, ниту едните, ниту другите не се сметаат за симбол на градот. Причините за тоа лежат во историските граници, старите стадиони и брзината на модерната игра.
 
Турбулентната историја на Берлин е позната насекаде во светот, а влијанието од поделбата на Исток-Запад сè уште е присутна. Географската поделба на Германија влијае и на навивачките бази на Херта и Унион Берлин, кои се поделени скоро идентично како и двата дела меѓу некогашниот Ѕид.
 
Берлин се наоѓа и на долните граници на финансиската лествица во Германија, затоа што ниту една од 30 најголеми компании не е базирана во Берлин. Франкфурт е банкарскиот главен град и дом на германската фудбалска лига (DFL), а огромен дел од големиот бизнис оди заедно со најуспешниот фудбалски клуб од Минхен. 

Фамозно сиромашниот, но секси Берлин е симбол на креативноста, културолошката различност и пристапните цени на станови. И покрај тоа, фудбалот никогаш не бил прва љубов на Берлинците, пишува Дојче Веле. Ова почнува да се менува, но не на штета на другите спортови како што се кошарката или хокејот на мраз.
 
Како една од причините за слабиот интерес за фудбал е и мелезната природа на Берлин. Населението се менувало со историјата и градовите како Дортмунд, Штутгарт, Франкфурт и Менхенгладбах го искористиле локалното население за ефектот на страст. Херта може само да сонува ваква состојба, додава ДВ.
 
Од друга страна, Унион Берлин засади култна база на навивачи кои се задоволуваат со вечното играње во втора и трета лига.
„Да се каже дека Берлин не се грижи за Херта едноставно не е вистина. Херта имаше и по 40.000 гледачи во втора лига. Зависи само од тоа каде си во Берлин“, вели Уве Бремер од Берлинер Моргенпост.
Херта дала пет фудбалери од нејзината академија кои го освоија СП 2014-та година и во составот има повеќе играчи од нивниот град од било кој друг клуб во Бундеслигата. Поради тоа населението има доволно причина да навива за Херта. Унион Берлин високо котира меѓу навивачките групи ширум Европа, од причина што фановите на оваа екипа често имаат позитивни и необични акции за поддршка на својот клуб како на пример заедничката изградба на стадионот во минатото, кога секој што зел учество во изградбата добил и простор да се потпише на секоја цигла.
 
По паѓањето на Берлинскиот Ѕид, легедарниот Франц Бекенбауер изјави дека Херта е заспаниот лав на германскиот фудбал. Сепак, неколку децении подоцна, уште се слуша рчењето и лавот никако да биде слушнат во целата земја.
14 септември 2015 - 10:45