Данска федерација потврди: Состојбата на Ериксен е стабилна

По драматичните сцени кои го потресоа секој што го следеше мечот Данска - Финска, стигнуваат позитивни вести од Копенхаген.

Фотографијата на фотографот на Ројтерс која донесе олеснување кај сите ја потврдија и од УЕФА.

Мечот Данска - Финска беше прекинат во 43' минута откако Кристијан Ериксен колабираше на терен по што настана тотален молк на стадионот „Паркен“ во Копенхаген. По брза интервенција на медицинските екипи Ериксен беше реанимиран а УЕФА потврди дека Данецот е во стабилна состојба:

Од Данската фудбалска федерација соопштија на Твитер дека Кристијан Ериксен е буден и се наоѓа на понатамошни прегледи во Rigshospitalet.

УЕФА заедно со претставници на репрезентациите на Данска и Финска решија во 19:45 да соопштат дали мечот ќе продолжи или ќе прекине.

Стигна информација и дека директорот на Интер Бепе Марота по контакт со медицински лица добил позитивни вести:

12 јуни 2021 - 19:34