УЕФА помилува шест клубови

Европската куќа на фудбалот одлучи да им ги повлече казните на Малага, Хајдук, Осијек, Партизан, Војводина и Динамо Букурешт кои имаа забрана за настап на европските натпреварувања.

Комитетот за финансиска контрола во клубовите при УЕФА, денеска во Нион преседаваше за финансиското работење на 8 европски клубови кои добија казна поради неподмирени долгови.

Освен на Рапид Букурешт и Арсенал Киев кои се уште не ги исполнуваат условите за финансиско работење кои се поставени од ова надлежно тело, по уредно доставената документација, казните за настап во Европа им се тргнати на Малага, Хајдук, Осијек, Партизан, Војводина и Динамо Букурешт.

Што се однесува до случајот со Малага која доби двегодишна казна и која обезбеди настап за наредната сезона во Лигата на Европа, куртули само за 2014/2015, додека за учеството на европска сцена идната сезона, УЕФА допрва ќе одлучува.

22 мај 2013 - 13:26