УЕФА ја повтори ждрепката и донесе три супер пресметки

Атлетико Мадрид - Манчестер Јунајтед, Интер - Ливерпул и ПСЖ - Реал Мадрид се мега битките кои беа извлечени на повторената ждрепка за нокаут фазата во ЛШ.

Три часа откако направи гаф и ја призна грешката, УЕФА ја понови ждрепката и со исклучок на дуелот меѓу Челси и Лил кој практично, извлече нови парови и три дерби дуели.

Соочувањето меѓу Роналдо и Меси отпаѓа, но затоа ќе има мега пресметка меѓу ПСЖ и Реал Мадрид, како и неизвесна битка меѓу Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Непосакуван противник доби и Симоне Инѕаги кој ќе се соочи со Јирген Клоп. Реал Мадрид е најголем губитник, бидејќи прво му се падна Бенфика.

Осминафинални двојки:

Салцбург - Баерн Минхен
Спортинг - Манчестер Сити
Бенфика - Ајакс
Челси - Лил
Атлетико Мадрид - Манчестер Јунајтед
Виљареал - Јувентус
Интер - Ливерпул
ПСЖ - Реал Мадрид

Првите осминафинални натпревари се закажани за 15, 16, 22 и 23 февруари, додека реваншите ќе се играат на 8, 9, 15 и 16 март 2022 година.

13 декември 2021 - 15:05