Убиствен инстинкт на Лаутаро Мартинез кој му донесе нов трофеј на Интер

И покрај тоа што делуваше млитаво и несигурно на Мундијалот, аргентинскиот напаѓач сепак одигра одлична клупска сезона и со помош на неговите два гола од кои еден мајсторски, Интер го освои Купот на Италија.

Интер го одбрани трофејот во Купот на Италија против Фиорентина со победа од 2:1 на стадионот Олимпико во Рим.

Виолетовите го направија интересно финалето уште во 3 минута кога поведоа со голот на Николас Гонзалес, кој пред два месеци беше стрелец за Аргентина на пријателската против Курасао.

Неговиот сонародник, Лаутаро Мартинез го спреми брзо одговорот и за 8 минути во првиот дел ги постави конечните 2:1.

25 годишниот напаѓач игра топ сезона со вкупно 27 гола на сите натпреварувања од кои 20 во Серија А.

За Интер ова е втор трофеј во 2023-та после Супер Купот кога во јануари годинава го совлада Милан со 3:0.

Симоне Инѕаги веќе има 4 трофеи на Меаца по 2 во Купот и Супер Купот на Италија.

25 мај 2023 - 08:38