Тролови во Рим на сметка на Рома

Навивачите на Лацио на 26 мај ја одбележаа 10 годишнината од трофејот на единственото римско финале во историјата кое се случи во Купот на Италија и кое го реши Сенад Лулиќ. Денеска имаат нов материјал за вечните градски ривали. Им го открија клупскиот автобус спремен за славје, како и маиците. Тешко на Рома и нивните навивачи кои останаа без трофеј и пласман во ЛШ, па уште сега треба и да се оправаат на социјални мрежи.

„Кога тогаш Севиља ќе изгуби финале во ЛЕ“, рече легендарниот Франческо Тоти и не баш го погоди коментарот за да ги утеши.

Севиља е владетел во Лига Европа, Мурињо и Рома на колена

1 јуни 2023 - 14:49