Тренинг на Марадона во Наполи со кал до гуша

На 30 октомври 1960-та е роден Диего Армандо Марадона, човекот кој 23 години не игра фудбал, а сеприсутен повеќе од било кога. Наполитанците уште му се клањаат. Пет трофеи им донесе за три години.

По повод 60-тиот роденден уживајте во 90 секунди тренинг со него. Ама ова не изгледа на официјален тренинг, бидејќи во видеово го има него и уште двајца - тројца, веројатно од стручен штаб, туку лабаво дружење и поигрување пред гол.

Теренот е тиња, ама тоа не го спречува Диего што сака да прави со топка. Ја прима и удира како што ќе посака. Внимавајте добро на паненката, по која ликот кој стои на гол почнува да го брка, во стил дали си ти нормален што ми направи.

Потоа лесниот начин на кој ќе ја прими на гради и потоа со лева ќе си ја намести, свртување и страшни ножички пак со лева. Не е нормален. Тие што биле дел од Наполи во негово време, кој знае што сè имаат видено.

За Наполи играше 7 сезони и им донесе 2 Скудета, Куп на Италија, Супер Куп на Италија и Куп на УЕФА, сето тоа од 1987-ма до 1990-та.

30 октомври 2020 - 12:55