Тиери Анри 8 минути клечеше на колено за време на натпревар

Во МЛС лигата Монтреал Импакт чиј тренер е Тиери Анри синоќа изгуби 0-1 од Њу Ингланд, но моментот кој го одбележи мечот е тоа што Французинот од почеток на мечот 8 минути и 46 секунди клечеше на едно колено со крената рака во чест на убиениот Џорџ Флојд поради кој Америка се крена на жестоки протести.

10 јули 2020 - 10:04