Тајните зад успехот на Мурињо

Пред почетокот на новата сезона во англиската Премиер лига која ќе биде одбележана со новите тренерски имиња на трите водечки клубови помеѓу кои и Жозе Мурињо, португалскиот стратег го откри патот до успехот со екипата на Челси.

Жозе Мурињо ќе ја започне својата нова ера со екипата на Челси и ќе се обиде да го повтори успехот од неговиот претходен престој во Лондон. Тогаш тој ги освои титулите во Премиер лигата во 2005. и 2006. како и три трофеи од куповите и еден Супер куп.

Во новата книга "The Manager" посветена на најдобрите тренери во англискиот фудбал, тој опишува како се справувал со фудбалерите на Челси кои не биле навикнати на успеси.

„На момците очајно им беше потребен скок од потенцијал во реалност и мислам дека им беше потребен лидер како мене. Ги научив фудбалерите да не се плашат да кажат дека сме најдобри, да не се плашат да кажат дека одиме на победа или дека сме посебни и тоа ќе го докажеме"

„Се сеќавам дека на Френк Лампард му реков: „Ти си еден од најдобрите фудбалери во светот, но никој не знае"

Мурињо верува дека добриот лидер мора да им покаже на кадарот дека тие се поважни од него. Еден од примерите како тој тоа го демонстрирал е кога екипата патувала со авион, многу често играчите летале во бизнис класа, а тој и неговите помошници оделе во економската класа.

Според него, фудбалерите не треба да му се покоруваат и да ги извршуваат неговите наредби само затоа што тој им наредил, туку дека тие треба да му веруваат и да ги следат инструкциите со нивна согласност.

14 август 2013 - 12:04