Супер гол на Елмас на отворање на Серија А

На стадионот „Диего Армандо Марадона“, Наполи иако со играч помалку уште од 23' минута по директниот црвен картон кој го доби шпицот Осимен, успеа во вториот дел да го скрши отпорот на Венеција. Капитенот Инсиње во 56' минута промаши пенал, но беше прецизен само шест минути подоцна исто од пенал. Елиф Елмас ја запечати победата во 73-та минута со сјаен гол на отворање на новата сезона во Серија А.

22 август 2021 - 22:23