Стагнација на Македонија на ранг листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација ја задржа истата позиција на најновото рангирање на светската куќа на фудбалот.

Македонија не бележи ни напредок, а ниту назадување на најновото ноемвриско рангирање на ФИФА, после триумфот над Лихтенштајн и поразот на Германија.

Тоа значи дека останува 74-та фудбалска земја во светот.

Од нашите противниците во квалификациската група за СП 2022, пред нас се Германија на 12-та позиција, Романија на 41-ва и Исланд кој е на 62-ро место, а под нас се Ерманија како 89-та и Лихтенштајн 190-ти.

Во ноември избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе ги одиграат последните два натпревари од мундијалските квалификации преку кои ќе се обидат да стигнат до баражот.

На 11-ти на гости против Ерманија и на 14-ти дома со Исланд.

На врвот на ранг листата Белгија и натаму е лидер пред Бразил, а во топ 10 се уште и Франција, Италија, Англија, Аргентина, Шпанија, Португалија, Мексико и Данска.

21 октомври 2021 - 11:17