Таг: македонска фудбалска репрезентација

Македонија бележи мал пад на ФИФА ранг листата

По двете пријателски средби во Анталија на кои не забележавме победа, фудбалерите очекувано клизнаа на рангот на ФИФА.

Со кои резултати Боби Милевски заслужи нов договор?

Една недела по написите во некои македонски медиуми, дека македонската фудбалска репрезентација и натаму ќе продолжи под водство на актуелниот селектор, вчера стигна потврда од ФФМ на која малку кој се радува.

Македонецот кој го направи гестот за паметење на Олимпико

Идејата за која на големо се зборуваше во италијанскиот печат е на Горан Атанасов, кој живее во Италија и кој ја бодрел Македонија и претходно во Палермо. Вели дека македонското знаме на малиот Сантијаго ќе му остане како сувенир од натпреварот, само можеби нема да му се допаднат боите, бидејќи на косата му бил нацртан амблемот на Лацио, а македонско знаме има исти бои како Рома.

Коментаторот на Раи по мечот со Украина зборуваше за Македонија

Италијанците очигледно имаат трауми од нас. Една година откако им расипавме пласман на Светско, им го отежавме патот до Европско. Од уста не нè вадат.

Осврт за македонската репрезентација во 90 секунди

Извадокот од филмот за Хитлер кој се користи и се монтира со титл за мал милион актуелни теми, доби сериозна конкуренција. Пазете сега.

Насловна на денот

Мирор се обидува да извади адекватна насловна после слабиот и разочарувачки резултат на Англичаните против Македонија, ама ја промашува 200% и непотребно се вплеткува во сензитивна тема за нас.

И? Ја продаде ли хитно за 200 евра?

Ако треба да се избере очајот на денот на одигрувањето на синоќешниот натпревар на Градски, тогаш ова е тој. Мисли Аргентина - Франција е ова, финалето на Светско 2022, па ќе му помине, а не тотално неважен натпревар кој не можеше ништо да промени на табела. 20 евра не ти вади никој, при цени од 400 и 600 денари, а не 200.

Градски sold out, 2.300 Англичани, 120 новинари

И покрај тоа што ќе биде натпревар без резултатско значење, арената Тодор Проески вечерва ќе крца, а гостите доаѓаат во полн состав со посебен протокол и без тренинг, само со тегнење мускули во сала. Ни новата трева не отидоа да ја згазат.

Македонските навивачи на Олимпико низ објективот на Италијанците

Скопје, Битола, Велес, Струмица, Јосифово, Франкфурт, Тревизо и од каде уште не патуваат нашите навивачи за да ја бодрат македонската репрезентација. Во добра бројка беа и во Рим, расположени и сплотени и пред и за време на натпревар. Италијанците објавија видео од трибина.

Запознајте ги физиотерапевтите на македонската репрезентација

Срле, Боки, Геле и Меџо се луѓето зад сцената, кои се грижат за рекуперација на нашите фудбалери и за што повеќе опуштени мускули пред натпревар. Ви ги претставува Џани, како ретко кога сериозен пред камера.

Голеада на Олимпико, голчиште на Атанасов, висок пораз на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација не успеа да го задржи убавиот биланс против Италија. Четирикратниот светски првак ни се одмазди за Палермо.

Ечи македонска песна во Рим

Каде и да одат, македонските навивачи го креваат адреналинот. Тука е царот со тапанот кој го дупна на Европското во Букурешт, секогаш верниот Наце Митев, како и ред други верни поддржувачи на македонската репрезентација. Фантастичната атмосфера ви ја пренесуваме директно од Рим.

Најдобриот фудбалски тим на Македонија на сите времиња

Респектабилната Фејсбук страница „Istorija ex yu fudbala“ нè отвори со последната објава. Се обиде да ги избере најдобрите 11 на Македонија на сите времиња. Изборот воопшто не им е лош и покрај коментарите.

Фотографии на СКОК кога Македонија го почна самостојниот фудбалски пат

Македонскиот репрезентативен фудбал денеска одбележува 30 години од своето добро познато деби во Крањ. Ќе се потсетиме на незаборавната победа, ама да ѕирнеме и некоја фотографија од тие времиња, како и од досегашните одбележувања на тој историски датум.

Малку италијански солзи

Во 2016-та водевме 2:1 дома и едвај нè победија, па им одигравме 1:1 во Торино. Лани Трајковски ги потепа, а викендов Барди ги дотепа. Не може да се откачат од нас. Погледнете ги колку се гневни.

Кориере дело спорт: Бура од реакции поради италијанската химна

Покрај целосно издржаните критики за лошиот терен за што добија извинување од Елмас, Италијанците го искритикуваа и интонирањето на химната, во изведба на Барбара Поповиќ.

Македонија е махер против големата Италија, Барди со еврогол му го расипа дебито на Спалети

Македонската фудбалска репрезентација одново не му се даде на четирикратниот светски првак кој пристигна по одмазада во Скопје после шамарот во Палермо. Македонија - Италија 1:1. Делириум на Градски пред 28.000 гледачи. 

Македонија бележи пад на рангот на ФИФА

По разочарувачките резултати, македонската фудбалска репрезентација очекувано не напредуваше на најновата ранг листа на ФИФА и клизна за три позиции.

Една година Палермо

Химната на Македонија рокната на италијански моторџија, Бисер балкански, Жаклина, фешта по улици, феноменална храна, пиво 1,5 евра и пред сè АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ. Како вчера да беше.

Елмас и Чурлинов со убави голови ја решија Малта

Македонската фудбалска репрезентација со победа од 2:1 ги почна новите квалификации за ЕП 2024. Првото полувреме за заборав. Второто возбудливо со три гола и поништен пенал со ВАР, за прв пат во историјата на Градски.

Гемиџии Велес не испуштаат натпревар на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација го стартува новиот квалификациски циклус за ЕП 2024. Со оглед на неатрактивниот противник Малта кој е аутсајдер во групата каде се уште и Италија, Англија и Украина, Градски и не е така слабо исполнет. Исток и Запад се затворени, а Југ и Север исполнети по 70-80%. Од малите организирани групи може да се забележат Гемиџии Велес, Неготиво и ФК ССК Бербери од Драчево.

Македонија - Малта 4:0, коментатор Таско

Македонската фудбалска репрезентација до сега само еднаш се има паднато во група со Малта во квалификации. Плус има одиграно и четири пријателски. Билансот е пет победи и едно реми.