Српски играч на АЕК нападна фоторепортер на терен

Поранешниот дефанзивец на Фиорентина, Ненад Томовиќ направи инцидент во Белград по завршувањето на мечот Партизан - АЕК Ларнака. Иван Тричковски не успеа да го задржи.

По завршувањето на мечот кој заврши 2:2, резултат со кој гостите од Кипар ќе играат во плејофот од Лига Европа, на видео се гледа како вознемирениот Томовиќ бара некој, а Тричковски и уште негов соиграч се обидуваат да го задржат.

Потоа се стрчува и соборува на земја фоторепортер, по што брзо беа смирени страстите.

Позадината на инцидентот е тоа што Томовиќ е поранешен играч на Црвена Звезда каде настапуваше од 2006-та до 2009-та, а на фоторепортерот тоа му сметало.

Фудбалерот на АЕК, објасни зошто реагирал така

„Не го удрив, го оттурнав, имам 20 сведоци. Знаете ли што ми кажа? Циганска пичко. Децата ти се цигани. Да ти ја ебам мајката. Најмногу ме погоди што ми ги пцуеше децата, не еднаш, 100 пати. Кога ќе ми ги спомнеш децата, полудувам. Никогаш не би реагирал вака, играв и дерби, па те навредуваат, тоа е нормално. Играв и за репрезентацијата, секогаш бев коректен, никогаш не кажав ниту еден лош збор за Партизан“, изјави Томовиќ

Инаку пред да направи лани трансфер во Кипар, Томовиќ 12 години беше дел од италијанскиот фудбал каде ги носеше дресовите на Џенова, Лече, Фиорентина, Киево и СПАЛ.

Мечот го реши 23 годишниот Французин Имад Фараж со мајсторија за најавни шпици.

12 август 2022 - 09:19