Сонот стана реалност, Македонија оди на Европско

Финалето на Лига на нации во групата Д кулминираше со испишување на нова историја за македонскиот репрезентативен фудбал. Радувај се Македонијо, златните нозе на Пандев не носат за прв пат на едно големо натпреварување.

Македонија слави, Македонија се радува. 27 години го чекавме врвот за кој оваа генерација се стремеше и се бореше и на крај заслужено го освои.

На следното Европско првенство за прв пат во историјата учесник ќе биде и нашата репрезентација, благодарение на овие јунаци на Игор Ангеловски.

Славевме минимално со 0:1, сосема доволно и тоа со голот на Пандев за кого овој пласман е круна на неговата блескава кариера која ќе му заврши токму после ЕП.

Моментот на одлука се случи во 56-та минута по една акција која беше уживање за гледање, а ја режираа кој друг ако не триото од Серија А, Елмас-Несторовски-Пандев.

Како што и се очекуваше, финалната битка донесе повеќе борба за секоја топка и голема претпазливост да не се прими гол. Фудбал за око, речиси и да немаше. Не видовме организација во играта на ниту една од двете селекции кои играа во грч.

Играта претежно се одвиваше во средниот ред со многу прекини, а првата закана дојде од домаќините кои се обидоа од далеку да го изненадат Димитриевски.

Најзрелата шанса во првото полувреме ја имаше нашата селекција во 29-та минута, кога Пандев биеше со глава, но голманот на Грујзите успеа да ја скроти топката и ја одби во корнер.

12 ноември 2020 - 19:51